Сара Мишел Гелар не очекуваше толку негативни реакции кога откри што ѝ подарила на својата ќерка за роденден.
Актерката Сара Мишел Гелар се најде на мета на критики, донекаде и очекувано, откако објави каков скап подарок ѝ подарила на својата ќерка Шарлот за нејзиниот 16. роденден.
Таа на „Instagram“ сподели низа фотографии посветени на ќерка ѝ – од нејзиното детство, па сè до денес – а на една од нив се гледа и луксузен џип со црвена панделка , кој очигледно бил роденденскиот подарок.
„Пред 16 години станав мајка. Верувам дека ќерката е девојче кое прераснува во твојата најдобра пријателка. Шарлот, ти си токму тоа и многу повеќе. Ме инспирираш, силна си, љубезна и забавна (речиси како јас). Среќна сум што можам да те наречам најдобра пријателка и возбудена сум што конечно можам да бидам твој совозач – напиша Сара во описот на објавата.
Но, веднаш започнаа да се редат негативни коментари, а многумина го нарекоа овој потег разочарувачки од аспект на родителството.
„Како дозволивме да се нормализира подарување прескапи автомобили на млади и неискусни возачи? ; „Мило ми е за вас, но за што ѝ е потребен џип на толку млада девојка?“; „Уште едно возило што ќе голта гориво.“ ; „Повеќето тинејџери немаат пари ни за гориво.“ ; „Ова е премногу.“ ; „Сите сакаме да бидеме Шарлот.“ ; „Да му подариш вакво нешто на дете – лудост“ – беа дел од реакциите.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана, истакнувајќи дека не е важно што некој подарува и дека никој не знае под кои услови девојчето го добило автомобилот.