[ВИДЕО] Трамп помладиот го имитирал татко му на комеморацијата за Чарли Кирк: Погледнете ја неговата реакција

Точка

22/09/2025

17:05

587

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп помладиот стана мета на критики поради несоодветна шега што ја раскажал за време на комеморацијата на десничарскиот активист Чарли Кирк во недела на 21 јуни. Комеморацијата се одржа на стадионот „State Farm“ во Глендејл во Аризона, на кој присуствувале десетици илјади луѓе.

Кирк, 31-годишен активист, беше смртно застрелан на 10 септември додека држел говор на универзитетски настан во Јута. Неговиот погреб привлече голем број познати американски личности, вклучувајќи ги Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс и Илон Маск, кои одржаа говори.


Говор што предизвика контроверзии

Меѓу говорниците беше и Доналд Трамп помладиот, најстариот син на американскиот претседател, кој го опиша Кирк како свој „помал брат“. Тој го започна својот говор со необичен тон за таква пригода.

„Не сум широко познат како сентиментален човек“, рече 47-годишниот претприемач. „Секој што ме следи на социјалните мрежи знае дека е многу поверојатно дека ќе раскажам шега или ќе се западнам во неволја објавувајќи некој исклучително несоодветен мим отколку да пролеам солза“.

Тој продолжи, покажувајќи кон својот татко во публиката: „Го знам тоа, бидејќи дури и неколку пати добив повик од тој човек“. Потоа го имитирал гласот на Доналд Трамп: „Знаеш Дон, Дон, стануваш малку агресивен на социјалните мрежи. Дон, опушти се“.

Реакциите на социјалните мрежи беа поделени

Публиката на стадионот аплаудирала, а Доналд Трамп ја наведнал главата, се насмевнал и кимнал со главата. Меѓутоа шегата предизвикала лавина коментари на социјалните мрежи. Многумина го сметаа однесувањето на Трамп помладиот за непочитување.


„Воа, се шегуваат на комеморација“, напиша еден корисник на Инстаграм. „Не го допревте ли дното?“, праша друг. „Никогаш не сум видел нешто слично! Срам да ви ѝ е. Се наоѓате на комеморација, а не на митинг на Трамп! Какво непочитување!!“, гласеше еден од коментарите.

Други застанаа во одбрана на Трамп помладиот, сметајќи ја шегата за симпатична. „Лол. Ми се допаѓа! Тоа беше добро. Слушај го татко ти, тој знае најдобро!“, напиша еден поддржувач. „Хаха, тоа беше одлично“, се согласи друг.

Посериозен тон на крајот од говорот

По шегата, Трамп помладиот го променил тонот и го завршил говорот со емотивни зборови. „Но, минатата недела, кога ја добив веста дека Чарли, кој ми беше како помал брат, е убиен, бев навистина скршен. Сите бевме“, рече тој. „А денес сме тука за да го прославиме начинот на кој тој го живееше својот живот и да се потсетиме на начинот на кој ги промени животите на многумина од нас“.