Актерката Џенифер Гарнер наскоро повторно ќе застане пред олтарот, но овој пат со нејзиниот долгогодишен партнер, Џон Милер.
По неколку месечни шпекулации, Џенифер Гарнер конечно била фотографирана со свршенички прстен на раката, а извори блиски до парот тврдат дека тие веќе се подготвуваат за венчавката.
И додека Гарнер е пресреќна и целосно посветена на планирањето, нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек наводно тешко се справува со веста.
„За Бен, ова е вистински кошмар“, открил извор за „RadarOnline“.
„Тој потајно се надеваше дека Џенифер ќе се откаже и ќе се предомисли, но сега е јасно дека тоа нема да се случи. Тој мора да се соочи со фактот дека таа официјално ќе биде мажена и врзана за друг маж со кој ќе живее под ист покрив и ќе поминува време со неговите деца“, изјавил изворот.
Џенифер започнува ново поглавје
Џенифер Гарнер и Џон Милер се забавуваат од 2018 година. Милер, дипломец на Стенфорд и извршен директор на „КалиБургер“ и „Кали Груп“, се држи подалеку од јавноста и покрај неговите деловни успеси.
Нивната љубов е претежно надвор од дофат на медиумите, но пријателите тврдат дека актерката сега е целосно сигурна во својата одлука.
„Џен долго време размислуваше дали да се омажи за Џон. Сега им кажува на сите дека свадбата дефинитивно се подготвува, дека се среќни и дека тој е нејзината сродна душа. Таа веќе ги истражува локациите, музиката, поканите, прави список на гости, јасно е дека е длабоко навлезена во планирањето“ открил еден инсајдер.
Парот неодамна бил забележан во Брентвуд, а изгледале опуштено и заљубено додека шетале држејќи се за рака.
„Таа без шминка, со распуштена коса, тој во јакна и фармерки. Изгледаа како сосема обичен, нормален пар, без холивудски манири“ раскажал очевидецот.
Тивката борба на Афлек
За Бен, веста за свршувачката доаѓа во незгодно време, недолго по разводот од Џенифер Лопез. Тој го одбележа својот 53-ти роденден со скромен ручек со своите деца, Фин и Сем, во кафуле во Санта Моника, многу поинаков од оној на кој порано беше навикнат.
„На Бен моментално му е тешко. Пријателите го посетуваат и проверуваат како е“, рекол извор близок до актерот.