Албанската убавица му дала отказ на менаџерот кој лобирал против пропалестински рапери: „Тој е поддржувач на израелската војна“

Точка

22/09/2025

10:24

1.172

Големина на фонт

а а а

Пејачката со албанско потекло Дуа Липа, му врачила отказ на долгогодишниот менаџер Дејвид Леви откако тој се залагал да се забрани настапот на триото „Kneecap“ на Гластонбери, тврдејќи дека го поттикнуваат антисемитизмот.

Леви го потпишал писмото во кое се повикуваат основачот на фестивалот Гластонбери, Мајкл Ивис и неговата ќерка Емили, да ја прекинат соработката со пропалестинските рапери од Белфаст, кои се обвинети за пружање поддршка на Хезболах. Меѓу потписниците се најдоа бројни водечки лица од музичката индустрија. Писмото било означено како доверливо но подоцна протекле деталите.


„Преку свои луѓе Дуа се погрижи Дејви Леви повеќе да не работи на нејзината музика. Таа многу отворено се залага за Палестина, што е спротивно на Дејвид. Таа го смета за поддржувач на израелската војна во Газа и ужасното третирање на Палестинците, а тоа беше јасно изразено преку писмото кое го потпишал и испратил на Мајкл Ивис“, изјавил извор за Дејли Мејл.


Изворот додал дека пејачката и понатаму соработува со истата талент агенција „William Morris Endeavour“, но е застапувана од друг агент. Инаку и покрај лобирањето на Леви, триото „Kneecap“ настапи на Гластонбери, а претходно еден од членовите Мо Чара бил обвинет за тероризам бидејќи наводно истакнал знаме на Хезболах за време на концертот во ноември минатата година.