Се враќа во Европа, а еве во која земја: Откриена новата локација за четвртата сезона на серијата „The White Lotus“

Точка

22/09/2025

13:45

383

Големина на фонт

а а а

По Хаваи, Италија и Тајланд, популарната „HBO“ серија „Тhe White Lotus“ за својата четврта сезона повторно се враќа во Европа, овојпат сценариото ќе биде сместено во Франција.

Ова е првпат серијата да се враќа на истиот континент, а обожавателите веќе нетрпеливо ги очекуваат новите заплети.

Потврдено: Сценариото се сели во Франција

Веста независно еден од друг ја потврдиле актерката Паркер Пози и извршниот директор на „HBO“ Кејси Блојс во текот на доделувањето на „Еми“ наградите на 14 септември.


Пози во разговор за „E!“ наизглед случајно ја открила информацијата:

„Мајк сега е на југот од Франција, така што таму ќе биде сместена четвртата сезона“, изјавила и додала: „Немам поим дали ќе бидам во неа“.

Подоцна истата вечер, Блојс за „Deadline“ официјално потврдил:

„Дефинитивно е Франција, но детали и локации допрва треба да бидат одредени“.

Ривиера или снежните Алпи?

Поради тоа што „HBO“ за снимање на серијата го користи луксузниот ланец на хотели „Four Seasons“, во Франција постојат три потенцијални локации: една во Париз, една на француската ривиера и една на француските Алпи.


Што вели авторот на серијата?

Кејси Блојс потврдил дека Вајт моментално работи на сценариото, но самиот автор сѐ уште не ги открил деталите. Сепак, во едно од претходните интервјуа ја навестил промената:

„Сакам малку да се оддалечам од досегашниот вокабулар со брановите“, изјавил Вајт за „HBO Max“ по завршувањето на третата сезона.

Можеби тоа значи дека надежта за снежната авантура сепак не е изгубена, а Паркер Пози би требала да ја подготви својата опрема за скијање доколку повторно се најде во проектот.