[ФОТО] Нова шокантна трансформација на поранешната тинејџерска ѕвезда: Актерката со тажна судбина продолжува да работи на самодовербата

Точка

25/08/2025

19:14

976

Големина на фонт

а а а

Аманда Бајнс, поранешната детска ТВ и филмска актерка, повторно одлучила да го промени својот изглед, пренесоа американските медиуми.

Поранешната ѕвезда на „Никелодеон“, која често е тема на медиумите поради нејзината тажна животна приказна и колку многу се променила откако ја напуштила глумата, веќе некое време има подебели веѓи и тетоважа со срце на лицето, а сега одлучила да стави филери за усни.


Бајнс, која ретко се огласува на социјалните мрежи, сподели селфи од автомобил, на кое можеме да ја видиме во автомобилот со крената коса, а нејзиното лице беше во преден план.

Таа напиша дека вбризгала филери во усните и ја означи ординацијата каде што го направила тоа.


Откако во 2022 година беше укинато старателството што нејзината мајка го имаше врз неа, за поранешната актерка се пишуваше повеќе пати поради промените во нејзиниот изглед. Таа откри дека се борела со депресија и во тој период се здебелила десет килограми.


„Сега сум многу подобра и научив дека, кога не ми се вежба и не ми се јаде здраво, токму тоа да го направам“ истакна Аманда минатиот март.

Подоцна призна дека имала операција за корекција на очните капаци, т.е. блефаропластика за да ја подобри самодовербата, додавајќи дека тоа функционирало и било едно од најдобрите нешта што ги направила за себе.

Што се случи со Аманда Бајнс?

Бајнс во еден момент беше најголемата тинејџерска ѕвезда, а стана позната по улогата во серијата „All That“.

Потоа глумеше како Холи Тајлер во серијата „What I Like About You“, а дебитираше на големото платно во филмот „Big Fat Liar“ (2002). Потоа глумеше во многу успешни филмови од тој период, вклучувајќи ја комедијата „What a Girl Wants“ (2003), анимираниот филм „Robots“, романтичната комедија „She’s a Man“ (2006), мјузиклот „Hairspray“ (2007) и комедијата „Easy A“ (2010).


Во меѓувреме, таа ја напушти глумата и се запиша на студии, а потоа започнале нејзините проблеми со менталното здравје и законот, а актерката била апсена за загрозување на другите и поседување марихуана, подметнување пожар пред куќата на непознато лице. Во една прилика, на Твитер таа го обвини својот татко за емоционална и сексуално малтретирање, што нејзините родители остро го негираа, а Аманда подоцна се извини за сè, тврдејќи дека „микрочип во нејзиниот мозок ја натерал“ да го напише тоа.


Подоцна, кај неа беше дијагностицирано биполарно растројство, беше зависна од дрога и алкохол, и поради сето ова, судот одлучи старателството над возрасната Аманда да ѝ го додели на нејзината мајка. Барањето за негово укинување актерката го поднесе во 2022 година, а нејзините родители се согласија бидејќи сите веруваа дека Бајнс конечно е подобро. Откако судот пресуди дека повеќе не ѝ е потребна заштита, старателството официјално заврши на 22 март 2022 година.


Сепак, во март 2023 година, Аманда повторно беше однесена на 72-часовно набљудување во психијатриска клиника откако, гола и сама, побарала помош од минувач на улица и се јавила на 911 по психотична епизода во Лос Анџелес.

Во меѓувреме, актерката продолжила да се лекува и да работи на себе за да се врати на вистинскиот пат, а минатата година продолжила со курсот за маникир на кој се запишала претходно.