Го погребал сопственото дете и љубовта на својот живот: Трагичната животна приказна на познатиот актер којшто ги изгубил оние кои најмногу гу сакал

Точка

19/08/2025

08:49

3.381

Големина на фонт

а а а

На големото платно, Кијану Ривс е мајстор на преживување, јунак којшто бега од куршуми, убива злобни луѓе и ја избегнува смртта. Но, зад гламурот и адреналинот се крие живот обоен со тага и загуби кои ниту една филмска сцена не може да ги надмине.

Овој 60-годишник важи за еден од најскромните актери во Холивуд, човек со големо срце, но и некој кој низ годините изгубил многу сакани личности. И самиот тој признава – смртта секогаш е во неговата глава.

„Постојано размислувам на смртта“, изјавил тој за „BBC News“, говорејќи за својата нова научно-фантастична приказна „The Book of Somewhere Else“.


Година на славата и на најголемата болка

За Ривс 1999 година била пресврт. Додека светот го гледал „Матрикс“ и неговата улога која го лансирала на врвот во Холивуд, тој приватно ја преживувал најголемата трагедија.

Неговата девојка Џенифер Сајм била осми месец бремена, а нивната ќерка се родила мртва.

Нивната врска, иако полна со љубов, не ја преживеала таа загуба. Раскинале после неколку недели, но останале блиски пријатели.

Втор удар – загубата на Џенифер

Само две години подоцна, Кијану судбината повторно не го поштедила. Џенифер починала во сообраќајна несреќа. По забава во куќата на Мерилин Менсон, загубила контрола над возилото, удрила во паркирани автомобили и се здобила со смртоносни повреди на главата. Имала само 28 години.

Кијану бил еден од луѓето кои го носеле нејзиниот ковчег на погребот. За нејзината смрт ретко говорел, но во 2006 година ја отворил душата:

„Тагата го менува обликот, но никогаш не престанува. Луѓето се лажат дека можат да го надминат тоа и велат: Готово е, добро сум. Тоа е грешка“.


Живот после трагедијата

Ривс никогаш не добил можност да стане татко, барем колку што знае јавноста. Љубовниот живот со години го чувал далеку од очите на јавноста. Дури во 2019 година одлучил на светот да му ја покаже својата партнерка, уметничката Александра Грант, долгогодишна пријателка со која и денес е во среќна врска.

Татко му го напуштил кога бил дете

Кога имал само три години, неговиот татко го напуштил семејството. Уште три години подоцна одржувал контакт со него, но кога наполнил шест години нивниот однос целосно прекинал.

Кога неговите родители се развеле, со семејството многу често се селел, па така сменил дури четири средни училишта. Исто така пател од дислексија, па школувањето за него претставувало голем предизвик. Иако никогаш не дипломирал, денес е многу добар читач.


Се грижи за своето семејство

Откако ѝ била дијагностицирана леукемија, Кијану станал старател на својата сестра. Во текот на 10-годишноито лекување многу пати донирал пари во болниците и здруженијата за борба против канцерот.