[ФОТО] Ја глумеше ќерката на Џенифер Анистон во романтичната комедија, а сега не би ја препознале: Од детството ја „трпи“ славата, а има проблеми со самодовербата

Точка

25/08/2025

09:00

1.582

Големина на фонт

а а а

Иако остварила успешна кариера, Бејли Медисон се соочувала со бројни предизвици од притисок на рефлекторите, загуби, до чувство на осаменост.

Бејли Медисон светот ја запозна низ филмот „Just Go with It“ во кој ја толкуваше улогата на Меги. Иако глумата од мали нозе била составен дел од нејзиниот живот, вистинскиот пробив го постигнала благодарение на тој филм во којшто глумела заедно со Адам Сендлер и Џенифер Анистон.


Од детска ѕвезда до вистинска уметница

„Во музиката уметниците најчесто автентично се прикажуваат себеси и низ сопствените искуства, зборовите и песните така ве лекуваат“, рекла Медисон во едно интервју за магазинот „Wonder Mind“, нагласувајќи дека музиката ѝ помогнала да ги надмине тешките животни ситуации.

Иако остварила успешна кариера, таа се соочувала со бројни предизвици од притисок на рефлекторите, загуби, до чувство на осаменост. Во серијата „Pretty Little Liars: The Perfectionists“, нејзиниот лик Имоџин Адамс поминува низ трауматични искуства, вклучувајќи и сексуален напад.

Не е изненадување што овие страшни ситуации носат низа ментални проблеми, што на крај доведуваат Медисон да биде на терапија.


За неа преземањето на оваа улога значело целосно нурнување во болката и радоста на улогата која ја толкува, што имало трајно влијание на нејзиното ментално здравје.

„Се сметам себеси за емотивна личност која може да почувствува енергија и емоции од другите. Значи, кога толкуваш некој којшто во себе носи болка и покрај радоста, како што е во секоја личност и тоа девет месеци по 19 часа дневно, тоа е нешто со што мораш да бидеш внимателен“, изјавила актерката за улогата.

Оптоварување поради славата од детството

Актерката понекогаш отворено говорела и за тоа колку била ментално оптоварена поради тоа што од детството била во центар на внимание поради што често имала проблеми со самодовербата.


Сепак, денес научила како да се ослободи од негативните критики, вклучувајќи ги и оние кои влијаат на нејзиниот изглед.

Без оглед на сите тешкотии, Бејли им пристапува на новите предизвици со позитивност и се труди што повеќе својот талент да го прикаже пред публиката на малите екрани.