Албанката вредно работела во текот на летото: Нејзините атрактивни фотографии го докажуваат тоа

Точка

23/08/2025

11:01

2.446

Големина на фонт

а а а

Крајот на летото е на самиот праг, но тоа за познатата Албанка не значи ништо. Таа продолжува со серијата заводливи фотографии.

Рита Ора се огласи на социјалните мрежи. Иако летната сезона полека се привршува, пејачката реши да се потсети на славните моменти што ја обележаа.

Ѕвездата, која е позната по тоа што обожава да ги истакнува своите атрибути, објави компилација од атрактивни фотографии на „Instagram“, а особено внимание предизвикаа оние во бикини.

Рита покажа завидна фигура и совршено обликувани стомачни мускули, потврдувајќи дека навистина работела вредно ова лето.

„Скоро е крај на летото …“, кратко напиша златокосата убавица.

Нејзините бројни обожаватели веднаш реагираа на објавата и со „брзина на светлината“ почнаа да ѝ испраќаат пофалби. „Прекрасна“, „Те сакам, Рита“, „Вау, какво тело“, се само дел од коментарите.