[ФОТО/ВИДЕО] Ана Ивановиќ ужива по разводот и не го крие тоа: Не ја симнува насмевката од лицето, а еве кој маж ѝ прави друштво

Точка

22/08/2025

16:41

2.248

Големина на фонт

а а а

Ана Ивановиќ, поранешната најдобра тенисерка на светот, поминува низ многу турбулентен период во својот живот откако се разведе од сопругот, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.

Иако на почетокот изгледаше дека Ана тешко ќе го поднесе сето ова и ќе „падне“, тоа не се случи, па најубавата поранешна српска тенисерка ужива максимално. Таа често објавува како ужива во летото, поминува убави моменти со своите најблиски, а сега, по разводот од Бастијан, ужива во друштво на друг маж.

Сите се прашуваат кој е мажот поради кој не ја симнува насмевката од лицето овие денови.


По брачниот бродолом што го доживеа, Ивановиќ се обидува да продолжи понатаму, а јавноста се прашува кој е непознатиот маж кој може да се види во нејзино друштво од неодамна.

Споменатиот атрактивен млад човек бил со Ана во текот на тренингот, а тоа веднаш ги поттикна шпекулациите дека поранешната тенисерка веќе го преболела разводот од Бастијан Швајнштајгер.


Како што подоцна се откри, станува збор за Фран Моја, личен тренер од Мајорка, кој се смета за еден од најбараните фитнес-инструктори.

Без оглед на тоа што станува збор за професионална соработка, емотивниот статус на Ана ги подгреа шпекулациите дали меѓу нив постои нешто повеќе од соработка.

Во еден момент од снимката можело да се види дека Моја рече нешто што ја насмеало српската убавица, но поради музиката која била ставена во видеото не можело да се чуе за што разговарале двајцата.

Сепак, јасно е дека Ивановиќ ужива во друштво на Шпанецот и дека не е обесхрабрена по разводот од поранешниот германски фудбалер, а притоа тој ѝ помага да остане во одлична форма како и досега и сè уште да плени со својот изглед.