Познатата актерка во 5-тата деценија го доби четвртото дете: Поранешниот партнер ѝ починал, првиот брак ѝ се распаднал по 9 месеци, а потоа...

Точка

21/08/2025

08:45

1.278

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка и добитничка на Златен Глобус, го доби четвртото дете на 44-годишна возраст.

Во емисијата на Џими Кимел го открила полот на бебето, па со воодушевување зборувала за своето семејство.

Мишел Вилијамс гостувала во емисијата на Џими Кимел со Тифани Хадиш која ја пофалила нејзината линија на тело, на што актерката одговорила:

„Морам големо признание да ѝ оддадам на Кристин затоа што ова последно бебе не дојде од моето тело. Сурогат мајката е заслужна за нашето чудесно девојче. Можеби сега гледа, ти благодарам Кристин“, порачала Мишел Вилијамс.


Актерката духовито додала дека сега има три деца помлади од пет години дома и дека сѐ е во ред „затоа што таа е возрасна личност и ја држи ситуацијата под контрола“.

Мишел Вилијам и нејзиниот сопруг, композиторот Томас Кејл, пред пет години го добиле синот Хант, а по две години го дочекале раѓањето на второто дете, чиј пол до денес не го откриваат.

Популарната актерка нагласила дека не ѝ е лесно додека балансира меѓу професионалниот и приватниот живот, зошто таа е многу зафатена мајка.

Томас Кејл ѝ е голема поддршка која во текот на третата бременост, вака зборувала:

„Тоа е радост. Како што поминуваат годините, се запрашувате што би можеле да ви донесат возбудливо, а нешто што сакате одново и одново повторно ви е достапно. Не постои ништо што ве прави попосветена во подобар свет од одгледување на свое дете. Тоа е врвен и креативен чин“.


Мишел Вилијамс од 2020 година е во брак со Томас. Пред тоа била венчана за композиторот и продуцент Фил Елверум од кој се развела во април 2019 година, само девет месеци по венчавката.

„Никогаш во животот не сум зборувала за своите врски, но Фил не беше било кој. Начинот на којшто ме сакаше е начин на којшто сакам да го живеам животот. Ја одгледувам ќерката Матилда така што таа секогаш да биде она што сака да биде, а сега и мене конечно ме сака некој којшто сака да се чувствувам слободно и да бидам она што сум“, изјавила актерката.


Таа и нејзиниот поранешен сопруг имаат една заедничка работа, и двајцата ги изгубиле партнерите, тој саканата сопруга со која добил ќерка, а таа својата најголема љубов, актерот Хит Леџер којшто во 2008 година бил пронајден мртов во својот стан во Њујорк, откако се предозирал со таблети за спиење.

Таа со Леџер ја има ќерката Матилда (19) која многумина ја споредуваат со славниот покоен татко којшто постхумно доби Оскар за улогата на Џокер во филмот „Мрачниот витез“.