[ФОТО] Револуција во нега на тело: Уред кој овозможува да мирисате убаво без користење дезодоранс

Точка

28/06/2025

13:16

632

Големина на фонт

а а а

Можете ли да го замислите летото без дезодоранс и потење? Без вештачки ароми, парфеми, но и затнати пори и иритации?

Двајца лекари од Јужна Кореја развиле технологија што го овозможува токму тоа, пренесе Форбс. Се работи за уредот „PlaDeo“, скратеница од „plasma deodorant“ (плазма дезодоранс), чија клучна улога е да ги неутрализира непријатните мириси со уништување на бактериите што ги предизвикуваат.


Експертите наведуваат дека потта сама по себе не мириса непријатно, туку се работи за органски соединенија создадени од бактерии при разградување на масните киселини од таа пот.

Новиот уред наводно ги спречува овие мириси, а тоа го постигнува така што ги елиминира бактериите со помош на атмосферска плазма.

Како се користи уредот

Доволно е само да го поставите уредот под чисти и суви мишки. Потоа треба да го притиснете копчето и да почекате 90 секунди. Уредот ослободува специјален гас (т.н. атмосферска плазма) кој ги уништува бактериите, а кожата останува неоштетена.

Се користи двапати дневно, а потребно е да се направи растојание од 1 см помеѓу уредот и кожата. Доколку корисникот има поголем проблем со непријатниот мирис, третманот може да се продолжи на три минути со притискање двапати на копчето.


Како резултат на тоа, мишките остануваат без мирис во текот на целиот ден.

За разлика од дезодорансите и ролон препаратите, лекарите кои го дизајнирале уредот велат дека нема ризик од затнати пори и дека „PlaDeo“ е практично решение за секој што сака да заборави на класичните дезодоранси. Инаку „Pragant“, претходната верзија на овој уред, дури освои и награда за иновација на саемот „CES 2020“.


Цена

Стартап компанијата „CodeSteri Inc“ која стои зад овој уред, која беше создадена како посебна гранка на Универзитетот Ханџанг, сега бара поддршка на платформата „Indiegogo“ за комерцијално производство, а ако сè оди според планот, ќе може да добиете свој примерок со донација од 149 долари. Додека планираната малопродажна цена ќе изнесува 249 долари.