Откриено тајното оружје на ракот: Научниците објавија што им дава енергија на туморите за ширење во телото

Точка

27/06/2025

11:28

6.986

Големина на фонт

а а а

Клетките рак можат да ги „украдат“ митохондрите – изворите на енергија во внатрешноста на клетките, од околните нервни клетки, со што ја зголемуваат својата способност за преживување и ширење.

Овој новооткриен механизам би можел да го отвори патот за развојот на новите терапии за агресивни облици канцер, покажало новото истражување под лидерство на Симон Грелета од Универзитетот Јужна Алабама, а истражувањето било објавено во магазинот „Nature“.

Иако веќе било познато дека невроните го стимулираат растот на туморите по пат на сигнали и протеини, досега не било јасно дали можат и митохондрите да делуваат во тоа.


Од лаборатории до живи организми

Тимот на Грелета во лабораторијата споил клетки на рак на дојка кај глувци (означени со црвена боја) со нервни клетки чии митохондри биле означени со зелена боја. Во временски интервал од неколку часа, митохондрите преминале од неврони во клетки рак.

Следен чекор – нови лекови

Во примероци од осум жени со метастазен рак на дојка, клетките рак од оддалечените делови на телото во просек имале повеќе од 17 отсто митохондри од оние во самата дојка. Во еден примерок од рак на простата, клетките кои биле поблиску до нервите содржеле значително повеќе митохондри.

„Веруваме дека ова би можел да биде универзален механизам којшто го користат сите видови тумори“, изјавил Густаво Ајала од Универзитетот во Тексас, еден од коавторите на студијата.


„Крадење“ митохондри

„Крадењето митохондри очигледно им помага на клетките рак полесно да совладаат низа препреки“, велат авторите на студијата.

Американските научници сега планираат да развијат лекови кои би го блокирале овој процес, со што би се овозможило превенција при ширење на ракот.