[ФОТО] Глетка од грчката граница која ги освои Балканците: Натписот на популарниот „стојадин“ насмеа многумина

Точка

25/06/2025

19:14

2.717

Големина на фонт

а а а

Кога некој ќе го спомене Евзони или друг граничен преми во ова време од годината, првата асоцијација е метежот.

Сепак, сега малку поинаква информација кружи на социјалните мрежи.

Имено според авторката на објавата на Икс, вистински хит неодамна на Евзони бил познатиот автомобил „стојадин“.

Како што може да се види на фотографијата, овој автомобил е од далечната 1976 година и сè уште е во функција.

Неговите сопствениците го напишале следното на задниот прозорец:

„Без ABS

Без воздушни перничиња

Без електроника

Без електрични кревачи на прозорци

Без клима-уред

Без централно заклучување

Без систем старт-стоп

Без GPS

Без проблем“.

На голем дел од луѓето оваа фотографија им го разубави денот.


„До утре може да набројува што нема… Но, има насмевка и среќа!“

Исто така, ова многумина ги потсети како во осумдесеттите години со ваков автомобил патувале низ цела поранешна Југославија.

„Каде не стигнавме со „стокец“. Цела поранешна Југославија. Охрид, Макарска…“.

Сепак, имаше и скептици кои потсетија дека особено за долго патување, добар автомобил е неопходен.

Во секој случај, популарниот „стојадин“ беше култен автомобил.


Го произведувала српската фабрика за автомобили „Застава“ од Крагуевац. Се произведувал од 15 октомври 1971 година до 20 ноември 2008 година и бил произведен во повеќе од еден милион примероци.

Милионитиот „стојадин“ бил произведен во 1991 година, а рекордното годишно производство била 1979 година, кога од производствените ленти излегле 88.918 „Застава 101“. се произведувал во варијанти со пет и три врати, со мотор од 55 коњски сили, зафатнина од 1.100 кубни метри.


Интересно е што „Застава 101“ била извезувана во голем број земји, како во Западна, така и во Источна Европа.

Покрај извозот во Германија, Франција, Луксембург, Швајцарија, Белгија, Холандија и Велика Британија, моделот „101“ беше многу популарен во земјите од тогашниот Источен блок – Чехословачка, Полска, Унгарија, Бугарија и Романија.