Оваа земја прва воведе старосна граница за возачите: Еве на колку години повеќе нема да можете да ја продолжите возачката дозвола

Точка

25/06/2025

14:46

1.966

Големина на фонт

а а а

За возачите помеѓу 70 и 80 години, правилата ќе бидат построги, ќе бидат потребни детални здравствени проверки, а дозволата ќе важи пократок период.

Перу стана првата земја на светот која воведе строга старосна граница за обновување на возачките дозволи, што значи дека лицата постари од 80 години повеќе нема да имаат право да ги обноват своите возачки дозволи.


Новиот попис којшто го изготвил Министерството за сообраќај и комуникација, предизвикал голема јавна дебата поради своето директно влијание на постарите граѓани.

Според Врховниот декрет бр. 007-2016-MTC, целта на оваа мера е зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено во контекст на физичките и ментални промени кои доаѓаат со стареењето.

За возачите меѓу 70 и 80 години, правилата ќе бидат построги, ќе бидат потребни детални здравствени проверки, а дозволите ќе важат пократок период.

Мерката прави разлика помеѓу професионалните и непрофесионалните дозволи, а задолжителни ќе бидат сеопфатни прегледи, вклучувајќи тестови за видот, слухот, крвниот притисок и когнитивните функции.


Иако за некои од луѓето ова делува радикално, властите тврдат дека тоа е неопходен потег којшто одговара на демографските предизвици и има сѐ поголем удел во сообраќајот на повозрасните возачи.

Слични дискусии се водени и во Европската унија, но идејата за фиксна старосна граница за возачите била отфрлена затоа што таа би претставувала значајно ограничување на основните права на граѓаните.