[ФОТО] Ова е приказната зад најгласниот штанд на Car Show 2025

Точка

24/06/2025

13:03

225

Големина на фонт

а а а

Во Битола во саботата мирисаше на бензин, гуми и возбуда. Car Show 2025 донесе стотици автомобили, музика, публика и енергија каква што само љубителите на брзината ја препознаваат. Но зад еден од најпосетените штандови на настанот – оној на КС Групација – стоеше нешто повеќе од добра организација и забава.

Тимот на КС Групација не дојде само со банери и игри. Дојдоа со цел. Нивниот штанд беше едно од ретките места каде што луѓето не доаѓаа само да освојат награда или да направат селфи, туку и да направат нешто добро. Секоја игра – било да е Cornhole, тркало на среќа или тркање на конзола – значеше симболичен придонес. И зад секој придонес стоеше приказна.


Собраните средства беа донирани на семејството на Ице Андонов – младо момче од Кочани кое трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“. Неговото возило беше изложено на самиот настан – тивок, но силен симбол на неговата пасија. Во еден искрен и достоинствен момент, маркетинг директорката на КС Групација, Елена Трајчевска, лично ја предаде донацијата на неговото семејство – без сцена и без големи зборови. Само човечка блискост.

„Најголем ред имаше за Cornhole,“ ни кажуваат од тимот, со насмевка. „Не само затоа што беше интересно, туку затоа што секое фрлање имаше смисла.“


Штандот беше жив цел ден – со игри, смеа, аниматор за децата и маскота која ги воодушеви најмалите. Беше тоа вистинска точка на поврзување, каде што се сретнуваа забава и солидарност.

КС Групација додели и симболична награда за еден од љубителите на автомобили – како знак на почит кон ентузијастите што ја градат оваа заедница.


Во денешниот динамичен деловен свет, КС Групацијата стои зад седум истакнати компании: Агроброд, Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент– секоја од нив со своја приказна, но обединети под исти вредности: одговорност, посветеност и хуманост.


Car Show 2025 ќе се памети по многу нешта. Но штандот на КС Групација ќе се памети по нешто тивко. По она што не се гледа – а се чувствува.