[ВИДЕО] 11 милиони прегледи: Мачка стана вирална откако ѝ бил вграден златен заб

Точка

13/05/2025

21:46

812

Големина на фонт

а а а

Мачката Тофу, која живее со своето семејство во американската сојузна држава Колорадо, стана една од најновите ТикТок сензации откако ѝ бил вграден златен заб. Видеото, кое беше објавено пред четири дена на профилот „@tofus_owner“, ја прикажува Тофу со нејзиното нов златен заб и досега има собрано над 11 милиони прегледи и повеќе од 1,8 милиони лајкови.

Нејзината сопственичка, Кларис Босман, за „Њузвик“ откри дека нејзиното милениче останало без вистински заб. Инцидентот се случил во декември 2024 година, додека Босман бил надвор од земјата, а за Тофу се грижел нејзиниот свршеник. Во една прилика, тој ѝ се јавил и ѝ ја соопштил тажната вест – Тофу скршила еден од предните заби. По кратка истрага, свршеникот заклучил дека Тофу веројатно го скршила забот кога ја гризнала тврдата музичка кутија.

Watch on TikTok


„Тоа не беше прв пат Тофу да гризне нешто што не треба“, објасни Босман. „Претходно моравме да ја однесеме на ветеринар затоа што го гризеше и џвакаше мојот инструмент“.

Од живот на улица до безбеден дом

Инаку Тофу не била отсекогаш член на семејството Босман. Таа првично била во засолништето за животни „Футхилс“ во градот Голден, каде што завршила како скитник на 10 месеци. Босман раскажала дека таа и нејзиниот свршеник на почетокот само разгледувале низ засолништето, а Тофу им го привлекла вниманието бидејќи се триела од решетките на кафезот и се тркалала во сад со вода.

Бидејќи нејзините претходни сопственици не контактирале со засолништето, парот Босман ја вдомил напуштената мачка. Таа е дел од семејството две години и има мачешки брат по име Сквинкл.


Откако Тофу си го скршила забот, нејзината сопственичка се соочила со важна одлука. Експерт за мачешка стоматологија ѝ понудил две опции: да се извади забот или да се обиде да го спаси со хипоалергична коронка од златна легура. Бидејќи Тофу е млада мачка со многу енергија, Босман одлучила да го спаси забот и да му додаде златен сјај.

„Не беше само прашање на естетика. Имаше и практични причини – нејзината безбедност, нејзината исхрана која бара кинење храна, па дури и можноста за бегство за време на дневните прошетки. Сакаме таа секогаш да има најдобри шанси за преживување“, објасни Босман.


Иако цената од 5.000 долари (околу 4.474 евра) за еден златен заб можеби звучи прескапо, се работи за цената на целата процедура.

„Моравме да направиме крвни тестови за да бидеме сигурни дека може да се справи со анестезијата, отстранувањето на забниот нерв, професионалното чистење, рендгенските снимки и отстранувањето на други заби“, откри Босман. Самата коронка била изработена од хипоалергична легура од злато, сребро, паладиум, индиум, цинк и иридиум.