Во атомска завршница Фабрика Карпош – ГИМ и УНИКА одиграа реми

Точка

13/05/2025

10:44

125

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Макпетрол со одлична реализација до победа над Кромберг & Шуберт

Макпетрол 6-2(2-1) Кромберг & Шуберт

Макпетрол: Филип Митков 6’ 21’ Горан Новаковски 14’ 35’ Никола Секуловски 26’ Давид Митровски 31’

Кромберг & Шуберт: Јован Павловски 38’ Иве Трифуновски 29’ Александар Крстевски 19’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Кромберг & Шуберт, двете екипи на овој натпревар настапија со отворена игра. Екипата на Макпетрол имаше одличен почеток користејќи исклучување кај противникот први со погодокот на Митков го отворија резултатот и поведоа со 1-0. Екипата екипата на Кромберг & Шуберт се обиде со брзи контра напади да дојде до израмнување но Макпетрол ја искористи отворената игра за зголемување на водството на 2-0 со погодокот Новаковски. До крајот на полувремето екипата на Кромберг & Шуберт вршеше силен притисок но Макпетрол ја смитри играта и со точни подавања на теренот ја чекаше својата шанса. Сепак во последните минути екипата на Кромберг & Шуберт успеа да ја најде празнината во одбраната на Макпетрол и да намали на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макпетрол имаше одличне почеток и во првата минута од полувремето успеа да поведе со 3-1. Екипата на Кромберг & Шуберт не успеваше да најде против игра за расположените Макпетрол кои во 26та минута од второто полувреме успеаа да зголемат на 4-1. Екипата на Кромберг & Шуберт успеа да искорити играч повеќе за да ја ублажи резултатската негатива, но Макпетрол денеска имаше одлична игра не дозволи изненадување и на крајот од овој дуел славеше со 6-2.

Во динамична завршница ЕЛЕМ и ТАВ ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 5-5(3-2) ТАВ

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 3’ Синиша Ковачевиќ 9’ 36’ Владе Јанакиевски 19’ Дони Кадриу 34’

ТАВ: Мартин Сидоровски 6’ 35’ Јованче Видински 11’ Мирослав Петровски 32’ Сабри Лесковица 30’

Одличен почеток на натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и ТАВ, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори резултатот во 3та минута со погодокот на голманот Ничевски кој ја лобува противничката одбрана. Екипата на ТАВ не дозволи радоста да трае долго па во 6та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот на 1-1. Екипите во продолжението од полувремето продолжија со израмнета игра, и гол за гол. Во самата завршница од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да реализира одличен погодок од далечина па на полувремето замина со минимална предност од 3-2. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра екипата на ЕЛЕМ успеваше да реализира но екипата на ТАВ ги следеше во чекор и не дозволуваше зголемување на резултатската предност, а во 35та минута од второто полувреме успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 5-5 што ја направи завршницата на овој натпревар доста динамична. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 5-5 екипите ги поделија бодовите.

Халк Банка со камбек од 0-5 успеа да дојде само до реми против ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 6-6(5-0) Халк Банка

ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’ Давид Стојковски 8’ 36’ Влаентино Трајковски 11’ 16’ Стефан Станојковиќ 15’

Халк Банка: Дарко Крстевски 22’ 23’ 28’ 37’ Влатко Блажевски 26’ 34’

Одличен почеток за екипата на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со Халк Банка тие уште на самиот старт на натпреварот се наметнаа ко фаворити и уште во 7та минута преку Стаменковски го отворија резултатот. Екипата на Халк Банка имаше неколку одлични обиди но ВДЛ Ван Хоол одлично ја поставија играта во одбраната и преку брзи контра напади го зголемуваа своето водство. Екипата на ВДЛ Ван Хоол го искоритсти тоа што Халк Банка беше со скратен состав па наметна високо темпо на игра и од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше 5-0. Во второто полувреме екипата на Халк Банка имаше фимско враќање во натпреварот, со два погодоци во низа на Крстевски успеаа да ја намалат резултатската негатива. Ова им даде дополнителен мотив да атакува на голот на противникот и од минута во минута успеаваа да ја топат резултатската негатива, а во 34та минута од полувремето дојдоа до израмнување на резултатот на 5-5 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да се одвои па екипите ги поделија бодовите при резултат од 6-6.

Во атомска завршница Фабрика Карпош – ГИМ и УНИКА одиграа реми

Фабрика Карпош – ГИМ 8-8(3-3) УНИКА

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 2’ 10’ 23’ 28’ 33’ Георги Божиков 13’ 29’ Оливер Бошковски 23’

УНИКА: Арбен Нухиу 6’ 13’ 14’ 24’34’ Аднан Лимани 22’ Беким Љута 26’ 31’

Одличен почеток на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со УНИКА, тие уште на самиот почеток со погодокот на Илевски во 2та минута го отворија резултатот и поведоа со 1-0. По ова рано водство екипата на УНИКА успеа да искористи грешка во одбраната на Фабрика Карпош – ГИМ и во 6та минута преку Нухиу успеа да израмни на 1-1. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ ги консолидира своите редови го издржа притисокот од УНИКА и преки Божиков и Илиевски успеа да дојде до повторна предност од 3-1. До крајот на полувремето екипата на УНИКА играше офанзивна игра користејќи го својот голман како голман играч за да створи вишок во нападот тактика која се покажа како ефикасна па дојдоа до израмнување на резултатот на 3-3. Во второто полувреме се продолжи со одличен фудбал во високо темпо на игра, двете екипи го оставија срцето на теренот. Екипите се менуваа во водството но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Кај екипата на Фабрика Карпош – ГИМ Илиевски имаше своја вечер и одлична реализација, а кај УНИКА таа улога ја имаше Нухиу. Двете екипи израмнети влегоа во цврста завршница каде ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот од овој натпревар со резултат од 8-8 ги поделија бодовите.