Фер-плеј потегот на Синер ги воодушеви сите присутни во Рим

Дерби

13/05/2025

13:24

280

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер денеска ќе има навистина тежок испит во осминафиналето против Франсиско Серундоло, но како што вели Италијанецот, тој веќе ги надминал своите очекувања со двете добри изданија и остварените победи на домашниот турнир во Рим.

Италијанецот се врати по тримесечна пауза и ова попладне ќе го има првиот голем испит при кам-бекот, а во меѓувреме, Јаник дополнително ги освојува симпатиите во Форо Италико, пред се поради потегот кој стана и вирален.

Синер во два сета го победи Јеспер Де Јонг со 6:4 и 6:2, а во вториот сет посебно до израз дојде неговиот џентлменски и фер-плеј потег.

Холанѓанецот имаше проблеми со пролизгувањето и во неколку наврати се најде на земја, но на средината на вториот сет имаше и еден навистина незгоден пад.

Синер веднаш се загрижи за Де Јонг и притрча до ривалот за да види дали е добро, а потоа му го донесе пешкирот и му ги избриша рекетот, потег за кој доби аплаузи од трибините.