Фердинанд го предупредува Артета за една ѕвезда: Нема да „преживее“ уште една сезона без трофеј

Дерби

13/05/2025

12:59

644

Големина на фонт

а а а

Арсенал уште една сезона ќе заврши без позначаен освоен трофеј и тоа прави дополнителен притисок врз работата која ја извршува Микел Артета, но иако состојбата изгледа стабилна кога е во прашање иднината на најголемите ѕвезди, Рио Фердинанд смета дека тоа може да се промени со уште една разочарувачка кампања.

Елиминацијата во полуфиналето од ПСЖ го остави Арсенал без борба за последниот трофеј оваа сезона, а доколку нешто такво се повтори и за една година, Рио Фердинанд прогнозира дека прв кој ќе побара заминување ќе биде Деклан Рајс.

Англискиот репрезентативец ја освои Конференциската Лига во Европа во својата завршна етапа во Вест Хем, но откако го засили Арсенал го освои само Комјунити Шилд трофејот за кој се бореше на самиот старт на првата сезона во „топчиите“.

Оваа титула не е баш вреднувана во Англија и тоа дефинитивно не е нешто што треба да го задоволи Рајс, кој во август ќе ја стартува својата трета сезона како член на тимот кој го води Артета.

– Деклан Рајс е играч кој сака да освојува трофеи и тоа се гледа во неговиот став. Тој е играч кој сигурно прави ретроспектива на крајот од сезоната.

– Го имам сретнато и го познавам како личност. Сметам дека нема да си замине додека не направи нешто значајно за Арсенал, но тоа може да се промени следната сезона. Ако Арсенал има уште една сезона беа освоен трофеј, Рајс сигурно ќе почне да мисли на друг клуб кој ќе му овозможи борба за титули, – предупредува Рио.