НБА лотаријата за првиот пик донесе класична местенка, Леброн се прсна од смеа

Дерби

13/05/2025

12:00

400

Големина на фонт

а а а

НБА драфтот оваа година ќе биде на програмата на 26-ти јуни во Бруклин, но на 40-тина дена пред настанот, се одржа стандардната лотарија која ги одреди франшизите кои ќе имаат шанса да ги бираат најдобрите пикови.

Кошаркарската лотарија која ја организираше НБА лигата ова утро се најде во центарот на вниманието и предизвика многу саркастични реакции во Америка, а причина за тоа е фактот што првиот пик го доби Далас.

Маверикси имаа само 1,8 проценти шанса да го добијат првиот пик, но во шокантен сплет на околности, на крајот токму Далас го доби „џек-потот“ во лотаријата.

Кошаркаските фанови и аналитичари сметаат дека ова е класична „местенка“ и подарок за Маверикси по неуспешниот трејд кој го направија со Дончиќ и Дејвис, а со реакција на социјалните мрежи се јави и Леброн Џејмс.

„Кралот“ испрати серија на емотикони со кои алудира дека се „гази од смеење“, што доволно говори дека веќе никој не верува во веродостојноста на овогодинешната лотарија.

Прв пик на драфтот се очекува да биде Купер Флек од редовите на Дјук и ексклузивното право да го избере него ќе има Далас, по што право на свој избор ќе имаат Сан Антонио, Филаделфија и Шарлот како франшизи кои ги добија вториот, третиот и четвртиот пик.