Шампионот на Трамп уапсен поради проституција! Олимпискиот победник заврши зад решетки!

Точка

13/05/2025

16:11

629

Големина на фонт

а а а

Олимпискиот шампион во борење, Кајл Снајдер, е уапсен во Колумбус, Охајо, како дел од полициска акција насочена кон сузбивање на проституцијата, соопштија локалните власти.

Снајдер е меѓу 16-те лица приведени откако се одзвале на лажен оглас за ескорт услуги, поставен од полицијата во овој американски град.

Според извештајот, инцидентот се случил на 3 мај, кога Снајдер пристигнал на договорената локација и ја платил услугата во готово. По приведувањето, бил пуштен од местото на настанот, а на суд треба да се појави на 19 мај.

Снајдер е освојувач на златен олимписки медал од Рио 2016 и сребрен од Токио 2021. Покрај олимписките одличја, има седум медали од Светски првенства и три шампионски титули од "NCAA" Првата дивизија, настапувајќи за Универзитетот на Охајо.

Во 2016 година стана првиот Американец кој истовремено ги поседувал титулите олимписки, светски и "NCAA" шампион.


Во 2018 година, тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше за член на Претседателскиот совет за спорт, физичка подготвеност и здрава исхрана.

Снајдер има 29 години и е оженет со Меди Пак Снајдер, поранешна фудбалерка на Универзитетот во Сиракјуз. Засега, тој јавно не се огласил во врска со апсењето.