Мијатовиќ отвори тема која сите ја избегнуваат во Реал: Тој е иритантен и никој нема да жали негово заминување!

Дерби

13/05/2025

13:43

893

Големина на фонт

а а а

Предраг Мијатовиќ имаше жестоки критики за тимот на Карло Анчелоти уште во раниот дел од сезоната кога никој не можеше да замислите дека „кралскиот клуб“ ќе остане без ниту една од големите титули, но по големиот удар кој го доби Реал Мадрид на „Ел Класико“, легендарниот напаѓач сега е уште погласен со своите остри изјави.

Популарниот Пеџа смета дека во Реал треба да има посериозни промени по заминувањето на Карло Анчелоти, а тој не би имал лично ништо против да види заминување и на најконтроверзниот играч во стартниот тим, Винисиус Жуниор.

– Ако во една сезона во четири наврати загубите на „Ел Класико“ и останете без трофеј, тогаш тоа значи дека е вистинско време за тешки одлуки и големи промени во Реал.

– Тука мислам и на Винисиус….. Не го познавам лично, но ми кажуваат дека е одлично момче и добра личност. Но, во Реал Мадрид не можете да пројдете со тоа. Ако сте добар, се е супер и останувате дел од клубот, но ако потфрлите, брзо ќе бидете продаден и ослободен.

– Винисиус има премногу непријатели во фудбалот, тој стекна големи непријателства со противниците, но се повеќе и голем број навивачи на Реал се прашуваат што не е во ред со тоа момче. Сметам дека треба да се зборува на оваа тема јавно и да се каже отворено. Јас се сомневам дека тој ќе промени нешто во себе, тој е таков каков што е. Стана иритантен и за навивачите на Реал, а тоа сигурно се одрази и врз неговите игри, се гледа дека се чувствува повредено.

– Многумина кои го сакаат Реал ми велат дека тој е извонреден фудбалер, но не ги разбираат неговите потези. Никој нема да му го одземе тоа што го направи за Реал изминативе години, но мислам дека дојде време да се мисли што ќе се прави следно со него. Ако си замине ова лето, нема да се случи ништо посебно, мислам дека никој нема да жали премногу, – порачува Пеџа во интервјуто за „Кадена Сер“.