[ФОТО] "Opel Manta" полни 40 години: Сега вреди шест пати повеќе отколку кога се појави!

Точка

09/05/2025

08:15

1.070

Големина на фонт

а а а

Еден скромен "Opel Manta" – ривалот на "Ford Capri" – првично чинел само околу 7.000 евра. Денес, истиот модел се продава за дури 46.500 евра.

Станува збор за моделот "GT/E" од 1985 година, во бела боја, кој денес веќе има 40 години, што значи дека може да се класифицира како класичен автомобил.

Моторот со максимална брзина од 193 км/ч забрзува од 0 до 100 км/ч за само 8,5 секунди, а автомобилот има поминато нешто повеќе од 105.000 километри – што во просек изнесува само околу 2.600 километри годишно.


Возилото првично било продадено за околу 6.000 фунти, што денес би изнесувало околу 18.000 евра, но сега се нуди за повеќе од двојно повисока сума, пишува "Luxury Auto News".

„Opel Manta GT/E претставуваше вистинска ренесанса на моделот во Велика Британија кога беше лансиран во 1983 година. Мора да се вброи меѓу најуспешните рестајлинзи. "Opel Manta B", кој изгледаше елегантно и софистицирано кога беше претставен во 1975 година, веќе делуваше застарено на почетокот од 1980-тите“, се наведува во огласот објавен на веб-страницата "Iconic Auctioneers".


Новата генерација на „hot hatchback“ модели се закануваше да ги направи купе возилата застарени, оставајќи модели како "Manta" и "'Ford Capri" во борба за опстанок. "Opel" се надеваше дека верзијата "B2" ќе го продолжи животот на "Manta" за уште три години, но таа издржа сè до 1988 година, надживувајќи го својот ривал од "Ford".

Беше прилично брз за автомобил со 2.0-литарски мотор од 1980-тите.


Со петстепен мануелен менувач и независна задна суспензија, "GT/E" успеа да се наметне како вистински автомобил за ентузијасти. Овој исклучително сочуван примерок, обоен во поларно бела боја со внатрешност во црно-портокалова шаховска шема, бил испорачан на новиот сопственик во Вулверхемптон во јуни 1985 година.

Во моментов покажува 65.614 милји (околу 105.000 километри), а се верува дека бил складиран во периодот од 2009 до 2022 година, по што бил целосно обновен.


Фактури за делови и електронска комуникација од историјатот на возилото укажуваат на опсежна реставрација извршена од страна на "JLH" во јуни 2023 година, а автомобилот навистина изгледа одлично – без гребаници на каросеријата, беспрекорна внатрешност и моторен простор како нов.

„Во документацијата се наоѓаат оригиналното упатство за радио, корисничкиот прирачник, па дури и членската картичка на "RAC" од првиот сопственик. Присутна е и оригиналната сервисна книшка, со запис за контрола за испорачување и првите пет сервиси. Ретко и барано купе од 1980-тите, во исклучителна состојба – совршен додаток за која било колекција, но исто така идеален за возење по отворен пат“, се заклучува во огласот.