Сопственик на „Tesla“ автомобил ја откри годишната сметка за струја – многумина останаа во неверување

Точка

23/03/2026

13:15

814

Големина на фонт

а а а

Сопственик на електричен автомобил „Tesla“ ја споделил својата сметка за струја по една година користење на автомобилот, оставајќи многу слeдбеници во неверување.

За разлика од сопствениците на автомобили со мотор на бензин или дизел, оние кои возат електрични автомобили не мора да се грижат за растот на цените на горивата.

Иако би можело да се очекува полнењето на електричните возила значајно да го оптовари домашниот буџет, еден Американец, сопственик на „Tesla“ покажал дека не мора да биде така.


Неговата годишна сметка изнесувала неверојатни 2,33 долари, пренесува „Ladbible“.

„Првпат во последните 12 месеци да имам сметка. Ова е неверојатно“, напишал корисникот, додека пак многу од пријателите се сомневале во коментари.

Сопственикот објаснил дека користи соларни панели во комбинација со „Tesla Powerwall“ батерија која складира енергија од сонцето или од електричната мрежа за подоцнежна употреба.

„Tesla“ наведува дека „Powerwall“ на сопствениците им овозможува да складираат енергија и обезбедува финансиски безбедносни придобивки со можност за следење и приспособување преку апликацијата на „Tesla“.


Иако сметките за струја се минимални, самата инсталација на „Powerwall“ има почетна цена од околу 5.000 долари, додека пак обична домашна станица за полнење на електричните возила чини меѓу 500 и 1.000 долари.