Турски јоги кој живеел 105 години, а изгледал како да има 60: Методите со кои ги „измамил“ времето и природата

Точка

24/03/2026

18:16

890

Големина на фонт

а а а

Казим Гурбуз е Турчин кој со децении се занимавал со јога, дисциплина што му го спасила животот и благодарение на која доживеал 105 години.

Казим Гурбуз бил јоги кој со години ја изучувал јогата и во светот бил познат како еден од најстарите луѓе. Казим Јоги почина минатата година во април, но зад себе остави богато знаење кое го пренесе на своите ученици.

Приказната за овој исклучителен јоги е инспиративна, а неговите „тајни“ нè тераат да се запрашаме: што ако секој од нас би можел да го постигне истото?

Кој беше Казим Гурбуз?

Казим Гурбуз е роден во 1920 година во мало турско село. Кога ја надмина стотата година, изгледал како да има најмногу 60. Неговиот живот бил низа неверојатни настани кои би скршиле секого освен него. Не само што ги преживеал најтешките околности — станал легенда одбивајќи да ги прифати.


Трите главни „тајни“ на Казим Јоги

Јогата не е само вежба, туку филозофија на живот

Казим почнал да практикува јога уште во младоста. Но тоа не била само физичка активност, туку одраз на длабоко разбирање на светот околу него. Од најрана возраст, јогата за него била начин на живот и филозофија која му помогнала да се развива во сите области и да преживее во најтешките моменти.

Факт е дека Казим, на 41 година, доживеал тешка несреќа по која останал парализиран од половината надолу. Лекарите му рекле дека никогаш повеќе нема да оди. Но, тој не се откажал.

Го искористил целото свое знаење за дишење и контрола на умот и телото за буквално да се натера повторно да застане на нозе. По само девет месеци, повторно почнал да оди, спротивно на сите прогнози.


Лекарите тоа го нарекле чудо. Но за Казим, тоа бил логичен резултат на упорност и самодоверба.

Од тој момент, значењето на јогата и физичките вежби само растело. Повеќе од 60 години, секое утро го започнувал со трчање, пливање и, секако, јога.

Гурбуз бил врвен мајстор на ова древно индиско учење. Можел со часови да одржува сложени пози и да го задржи здивот четири до пет минути. Тоа не е само физичка подготвеност – туку врвна дисциплина на умот и телото.


Храната како лек

Казим со години бил вегетаријанец. Неговата исхрана се состоела од она што самиот го одгледувал: маслинки, црн грав, билни чаеви, супи и мед.

Медот го консумирал речиси секојдневно, сметајќи го за главен извор на енергија и здравје. Во исхраната вклучувал и пиперки, лути сосови и свеж зеленчук. Верувал дека месото не е неопходно, туку дури и штетно за организмот. Протеините, според него, може да се добијат од мешунките, додека овошјето и зеленчукот се најдобри извори на витамини и минерали.

Пиел многу вода за детоксикација на телото и целосно се откажал од алкохол. Неговиот пристап бил едноставен: храната треба да биде природна, свежа и здрава. Без преработени производи, без брза храна – само она што го нуди природата.


Менталната контрола е клучот на вечната младост

Сепак, главната тајна на Казим не била ниту јогата ниту исхраната. Тоа била неговата ментална контрола над сè што се случува околу него. Тој верувал дека повеќето луѓе живеат во „затвори на отворено“, заробени во ограничувањата на своето тело и површното размислување. Не гледаат и не чувствуваат ништо освен својата рутина, телефони и компјутери.

Казим целиот живот го посветил на учење како да биде присутен во моментот, да комуницира со светот околу себе и да го контролира својот ум и тело. Сметал дека луѓето сами ги создаваат своите болести, а со правилна употреба на умот можат и да ги надминат.

Неговата филозофија била едноставна: телото му се покорува на умот. Ако научите да ги контролирате мислите, можете да го контролирате и телото.

Казим тоа го докажал со својот пример. По несреќата, не само што повторно проодел, туку продолжил да живее активен и исполнет живот.