[ФОТО] „Пеглица“ за 21 век: Шармантна реинтерпретација на класикот на „Fiat“ во режија на италијански дизајнер

Точка

21/03/2026

14:30

655

Големина на фонт

а а а

Вака, според дизајнерот Франческо Салвија, би можел да изгледа новиот мал градски автомобил, кој се прослави и на нашите простори под единствениот назив „Пеглица“.

Ретро стилот пред две до три децении беше прилично присутен во автоиндустријата, а „Fiat“ тоа го почувствува уште во 2007 година кога го врати култниот 500.

Од носталгија кон старите легенди, дизајнерот Франческо Салвија (49) од Рим го предлага истото и за уште еден мал класик – „Fiat 126“, односно легендарната „Пеглица“ како што ја нарекувавме на нашите простори.


Меѓу 1972 и 2000 година вкупно се произведени повеќе од 4,5 милиони од овие автомобили, во Италија и Полска. За Салвија тоа бил првиот автомобил на неговиот татко, па токму тоа му било мотив да седне и да нацрта модерна верзија.

Во дизајнот останал верен на оригиналот и ги задржал карактеристичните детали како задниот довод на воздух, капакот на резервоарот и рачките на вратите, само ги приспособил на современите стандарди. Светлосниот потпис напред и назад директно ги отсликува оригиналните аглести светла.

Внатрешноста ја спојува ретро едноставноста со модерна технологија – физички копчиња, централен екран, живописни бои.


Салвија смета дека А-сегментот неправедно изумира. Мал автомобил значи помала потрошувачка, помал CO2 и полесно паркирање во пренатрупаните градови.

„Во автоиндустријата во која А-сегментот навидум изумира, цврсто сум убеден дека е време за храбар контрабран. Зошто би се откажале од компактните димензии што ја направија градската мобилност толку одлична?“.

Покрај основната, Италијанецот нацртал и спортска „Abarth“ варијанта, како и „Cross“ верзија со поголем клиренс и off-road гуми. Авторот на фотографиите заклучува и се надева дека „Fiat“ ќе го забележи овој труд, бидејќи новиот 126 би бил идеален наследник на „Fiat 500“.