[ФОТО] Британска водителка позираше во латекс, луѓето не можат да поверуваат колку години има

Макфакс

01/05/2025

19:24

3.920

Големина на фонт

а а а

Британската водителка Аманда Холден ги привлече погледите за време на неодамнешното излегување во Лондон.

54-годишната Аманда се појави во кафен фустан од латекс, кој го комбинираше со ракавици во иста боја. Таа во комбинацијата додаде сребрени потпетици, накит и очила за сонце.


Следбениците често и пишуваат на познатата водителка на Инстаграм дека изгледа многу младо.


„Како е можно како што старееш да изгледаш подобро?“, ѝ пишуваат и често нагласуваат дека не можат да поверуваат дека Аманда има над 50 години.


Аманда Холден е британска телевизиска водителка, актерка и пејачка, најпозната како долгогодишен судија на „Британија има талент“, во која учествува од 2007 година.


Таа ја започна својата кариера како актерка, појавувајќи се во британски серии.


Аманда е во брак со музичкиот продуцент Крис Хјуз од 2008 година. Двојката има две ќерки: Лекси (19) и Холи (13). Пред тоа, Аманда беше во брак со комичарот Лес Денис од 1995 до 2003 година.