[ФОТО] Мет Дејмон и неговата сопруга привлекоа внимание на премиерата на филмот во Њујорк

Точка

02/05/2025

11:15

3.259

Големина на фонт

а а а

Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо биле на премиерата на филмот „Shadow Force“ во Њујорк.

54-годишниот актер за оваа пригода се одлучил за едноставен гардероба, темносина маичка, црни панталони и патики. 48-годишната Лусијана се појавила во бел топ и бели панталони. Парот го привлекол вниманието на присутните и насмеано позирале на фотографите.


Во брак се 20 години

Мет Дејмон е во брак со Лусијана Баросо од 2005 година. Парот се запознал во 2003 година во Мајами, каде Лусијана работела како келнерка, а Дејмон го снимаше филмот „Stuck on You“. Тие се венчале на скромна граѓанска церемонија во Њујорк и оттогаш водат релативно затскриен семеен живот. Актерот го посвоил девојчето Алексија, ќерката на Лусијана од претходниот брак, а добиле уште три ќерки, со разлика од две години.


Изјавил дека има неколку правила во кои се колне. Дејмон е строг кога е во прашање разделбата, членовите на семејството никогаш не смеат да бидат разделени повеќе од две недели. Тоа јасно покажува дека за актерот, и покрај сите негови обврски, семејството е на прво место и децата знаат дека тато ќе биде дома секој викенд, без разлика на сè.

Друго правило што го следи е дека никогаш разните подароци кои ги добива никогаш не ги дава на децата. Кутиите не ги ни отвора, туку веднаш ги испраќа до луѓето на кои им се потребни. „На моите деца ништо не им недостасува“, изјавил своевремено.


Богата кариера

Мет Дејмон е американски актер, сценарист и продуцент кој се здоби со меѓународна слава со филмот „Good Will Hunting“ (1997), кој го напишал и глумел заедно со Бен Афлек, и за кој заедно освоија Оскар за најдобро оригинално сценарио.

Во текот на кариерата, тој се профилирал како сестран актер, настапувајќи во различни жанрови, од трилерите („The Talented Mr. Ripley“, „The Bourne Identity“) до воени филмови („Saving Private Ryan“) и научна фантастика („The Martian“).


Редовно соработува со режисери како Стивен Содерберг и Ридли Скот, а познат е и по улогата во франшизата „Ocean’s Eleven“. Дејмон е активен и зад камерата, продуцира и пишува сценарија, често со Афлек.