[ФОТО/ВИДЕО] Невообичаената серија на Нетфликс ги освојува срцата на гледачите – Има и одлична оценка на „Rotten Tomatoes“

Точка

01/05/2025

16:18

2.041

Големина на фонт

а а а

Корејската серија „When Life Gives You Tangerines“ (Кога животот ти дава мандарини) која неодамна беше објавена на Нетфликс, ги освои срцата на бројни гледачи. Повеќе од 30 милиони луѓе ја прегледале, а има 100 отсто позитивни критики на „Rotten Tomatoes“.

Опишана е како особено емотивна серија која во многу аспекти се разликува од другите кинематографски достигнувања. Дејството на серијата е сместено на островот Чеџу, Јужна Кореја, а серијата ја следи О Ае-сун, младата жена со големи соништа која никогаш не се откажува од нив, дури и кога животот ја турка во различни насоки.


Наместо драматични пресврти, серијата се фокусира на тивки промени што се случуваат во текот на долг временски период, а се поврзани со амбициите, семејството и љубовта.

Исто така, се занимава со теми како што се отпорот, загубата и културниот идентитет. Богатата традиција на островот Чеџу, која вклучува и жени нуркачи, ѝ дава особена уникатност на оваа приказна.

ИУ, која е најпозната како поп-ѕвезда во Јужна Кореја, ја игра Ае-сун, која истовремено е темпераментна и воздржана, додека Парк Бо-гум го толкува стоикот Гван-сик.


Инаку додека се подготвувале за снимањето, двајцата поминале многу време заедно за подобро да се запознаат и да изградат хемија, што критичарите особено го пофалиле.

Додека на многумина гледачи им се допаднал начинот на кој „When Life Gives You Tangerines“ го прикажува стареењето, променливите очекувања и долгогодишните врски, без прекумерна мелодрама.