[ФОТО] Потегот на Швајнштајгер во екот на гласините за развод ги изненади сите: Што сака да каже со ова?

Точка

30/04/2025

14:52

1.977

Големина на фонт

а а а

Поранешната „спортска двојка од соништата“ Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер повторно предизвикаа „хаос“ на социјалните мрежи откако Бастијан објави фотографија на својот Инстаграм профил, на која еден детаљ откри многу за нивната моментална ситуација.

Имено, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се во центарот на вниманието во последните недели откако германските медиуми објавија дека се разведуваат.

Речиси секој ден можеше да се прочитаат вести за нив и сите со нетрпение очекуваат ново соопштение, за да ги потврдат или негираат гласините за развод.

По неколку недели шпекулации за крајот на нивниот брак, се случи пресврт што многумина не го очекуваа.

Швајнштајгер објави фотографија, а сите забележаа тој го носи венчалниот прстен на раката.


Дали ова е конечна потврда дека сè е во ред со нив и дека сепак нема да има развод?

Исто така, Бастијан направи уште еден потег кој изненади многумина - престана да ја следи Естер на Инстаграм. Таа сè уште ги следи него и Ана, а на нејзиниот Инстаграм профил може да се видат фотографии од нивниот заеднички зимски одмор, на кои и двајцата се насмеани и многу интимни.


Инаку, Естер Седлачек својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста. Познато е дека таа е во брак, но идентитетот на нејзиниот сопруг никогаш не е откриен.

Во мај 2019 година стана мајка, а две години подоцна го роди своето второ дете. Сега, според германските медиуми, таа по трет пат е во блажена состојба.