Поранешната „спортска двојка од соништата“ Ана Ивановиќ (37) и Бастијан Швајнштајгер (40) повторно се во центарот на вниманието на европските медиуми, поради новите детали кои ги подгреваат шпекулациите за развод.
Како што пишуваат германските портали, парот одлучил да стави на продажба една од нивните луксузни вили на Мајорка, што многумина го толкуваат како уште еден чекор кон официјална разделба.
Љубовната бајка која со години ја градеа во елитниот дел на Палма – Сон Види, каде што поседуваа две вили, се чини дека полека привршува. Како што пишува угледниот германски магазин „Гала“, продажбата на еден од имотите доаѓа во услови на наводна поделба на имотот, што е јасен сигнал дека е во тек развод.
Интересно е тоа што токму Ана поминувала најмногу време во вилата на Мајорка, често во друштво на нејзините родители Драгана и Мирослав, кои биле таму чувајќи ги нивните внуци – Лука (7), Леон (4) и најмладата Теа (1).
За тоа време, Бастијан поминувал повеќе време во својата дрвена куќарка во австриски Тирол, без Ана. Во истиот период друштво му правеше и убавата германска водителка Естер Седлачек, за која германските таблоиди се сомневаат дека е причина за раскинувањето на славниот брак.
За нештата да бидат поинтригантни, Швајнштајгер и Седлачек веќе неколкупати беа „фатени“ на јавни настапи во живо, а особено за паметење беше моментот кога Бастијан ја покани да го поминат викендот заедно.
И додека приватниот живот на Естер Седлачек сѐ уште останува обвиен со мистерија, познато е дека таа е мажена, но не се знае со кого, германските медиуми открија дека таа веќе има две деца, а сега е бремена со третото. Таа претходно беше во врска со познатиот голман Кевин Трап, но тогаш немаше толкава мистерија.
Како шлаг на тортата, јавноста забележа дека и Ана и Бастијан престанаа да носат бурми, што дополнително ги подгреа сомнежите дека повеќе нема љубов и дека разводот е прашање на денови.