[ВИДЕО] Одјавната шпица на „Симпсонови“ на македонски јазик

Макфакс

29/04/2025

09:32

4.275

Големина на фонт

а а а

Во најновата епизода на анимираната серија „Симпсонови“ одјавната шпица е на македонски јазик.

Како што претходно беше објавено, креаторите на серијата одлучиле да внесат спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија.
Во епизодата бил вклучен тим од нашата земја. Се работи за сестрите Невена и Калина Нешкоска и нивниот брат Наум, кои заедно го водат едукативниот канал, „Дарко Биберко“.


Долгоочекуваната “Take Me Out to the Ball Game” на The Simpsons на македонски!! 🇲🇰

Posted by Kalina Neškoska on Sunday, April 27, 2025

„Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски. Благодарност до композиторка Кара Талве, која ја овозможи оваа соработка“, напиша Невена Нешкоска на Фејсбук.