Вилијам ја напуштил Кејт поради оваа жена која ја запознал во Грција – сѐ ѝ соопштил по телефон, па во ноќен клуб пред сите извикувал еден збор

Точка

28/04/2025

13:15

4.015

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам утре слават 14-годишнина од брак. Се сметаат за еден од највлијателните парови, а после бројните предизвици, меѓу кои и оние кои ги носат нивните позиции на британскиот кралски двор, тие останале заедно.

Тие се соочуваа со разни гласини за развод и тоа додека принцезата од Велс се бореше со опасната болест. Кејт и Вилијам се во брак од 2011 година и имаат три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи.

Принцезата од Велс го запознала Вилијам на колеџ, а подоцна заедно студирале на Универзитет во Шкотска, по дипломирањето Вилијам заминал во војска, а Кејт ја добила својата прва работа.


И работите почнале да се менуваат, на лошо. Вилијам ја раскинал врската во телефонски разговор којшто траел 30 минути. Познатиот автор Роберт Џобсон во книгата „Catherine, The Princess of Wales: Biography“, вели дека со тоа тој ѝ го скршил срцето на Кејт.

Причината за раскинувањето била Изабела која принцот ја запознал во Грција, години претходно.

„Иако беше сама во тоа време, кога Вилијам и Кејт раскинаа, Изабела очигледно е дека не сакала да стане девојка на принцот затоа што сметала дека тоа би ѝ пречело во нејзината актерска кариера. Вилијам тоа не го увидел, па ѝ се додворувал и неколку пати ја посетувал нејзината семејна куќа“. Вилијам бил лудо вљубен во Изабела, но таа го одбила неговото додворување.


Изабела денес има 45 години, во брак е со Сем Бренсон, синот на тајкунот Ричард Бренсон. Се венчале во 2013 година и имаат две деца.

Спомнатиот автор открива дека раскинувањето на Кејт и Вилијам кое се случило во 2007 година, Вилијам го прославил во ноќен клуб во Лондон каде викал дека е слободен. Се забавувал со пријателите, не штедел на алкохол.

По раскинувањето Кејт заминала во Даблин со мајка ѝ Керол, а кога се вратила во Лондон почнала да излегува во клубови со сестра ѝ Пипа Мидлтон.


Два месеци по раскинувањето на Вилијам почнала да му недостасува Кејт, па маскенбалот којшто го организирал заеднички пријател донел шанса за смирување.

Хемијата меѓу нив го направила своето. Таа на тој маскенбал била облечена како медицинска сестра, долго разговарале, па почнале да танцуваат заедно. Одредено време криеле дека се смириле, а потоа биле забележани како се бакнуваат во јавност.