Како "ChatGPT" спаси врска на еден пар од САД

Точка

07/03/2025

19:01

1.789

Големина на фонт

а а а

Сѐ повеќе парови користат вештачка интелигенција како алтернатива на традиционалната терапија, а некои тврдат дека токму "ChatGPT" им помогнал да ги решат несогласувањата и да ја подобрат комуникацијата.

Во време кога цените на терапевтските сесии достигнуваат стотици долари, многумина бараат поинакви решенија. Еден од тие случаи е пар од Лос Анџелес, Дом Версачи и Абела Бала, кои веќе шест месеци користат "ChatGPT" како алатка за решавање на конфликтите. Наместо да се потпрат на класична терапија, тие одлучиле да вклучат вештачка интелигенција во своите разговори и велат дека тоа значително им ја подобрило врската.

„ChatGPT ни ја спаси врската“, изјави Бала, 36-годишна менаџерка за инфлуенсери, во интервју за "New York Post". Таа објаснува дека користењето на вештачка интелигенција помогнало во смирување на конфликтите, бидејќи ниту таа, ниту нејзиниот партнер не сакаат да влегуваат во бескрајни расправии со чат-ботот.

Парот плаќа 20 долари месечно за премиум верзијата на "ChatGPT", која, како што велат, им помага подобро да ги разберат меѓусебните ставови и да ги решат несогласувањата без да мораат да вложуваат во скапи терапии. „Терапијата е скапа, а понекогаш ви треба само неутрална трета страна за да ви каже кој се однесува лудо“, додаде Версачи, а пренесе "New York Post".


"AI" како нова форма на терапија?

Употребата на чат-ботови за решавање на проблемите во врските станува сѐ попопуларна во САД, особено меѓу паровите кои не можат или не сакаат да издвојат големи суми пари за традиционални терапевти. Во градови како Њујорк, цената на индивидуална терапија може да достигне и 400 долари по сесија, што ги тера многумина да бараат алтернативни решенија.

Сепак, експпертите предупредуваат дека "AI" сѐ уште не може целосно да ја замени професионалната помош. Ешли Вилијамс, лиценциран советник за ментално здравје од Њујорк, смета дека чат-ботот може да биде корисен за подобрување на комуникацијата и решавање на помали несогласувања, но нагласува дека вештачката интелигенција не може да ја замени експертизата на луѓето.

„Нема доволно истражувања кои потврдуваат дека советите на "ChatGPT" се сигурни. Колку лични информации му откривате на AI и каде се складираат тие податоци?“, прашува Вилијамс.


Иако AI терапијата е сѐ уште во развој, истражувањата покажуваат дека некои корисници веќе ја претпочитаат во однос на традиционалните терапевтски методи. Студија објавена во февруари 2025 година, спроведена од "Hatch Data" и експерти за ментално здравје, покажа дека учесниците во истражувањето ги оцениле одговорите на "ChatGPT" како попозитивни и помотивирачки во споредба со писмените совети на човечки терапевти.

Психологот Сузан Алберс од "Cleveland Clinic" нагласува дека "AI" алатките можат да бидат корисни во одредени ситуации.

„Терапијата преку чат-ботови може да помогне да размислите за одговорот на некој проблем во врската или да се подготвите за непријатен разговор. Не осудува и е поповолна опција“, вели Алберс.