Гигантот ја гаси својата апликација за "Android" и ги укинува дигиталните пари: Неуспешен обид да му конкурира на "Google"

Точка

04/03/2025

15:50

924

Големина на фонт

а а а

Повлекувањето може да биде дел од пошироката стратегија на компанијата како одговор на промените во индустријата.

"Amazon Appstore" повеќе нема да биде достапен на "Android" уредите по 20 август 2025 година.

По овој датум, апликациите преземени преку оваа дигитална продавница нема да имаат загарантирана функционалност на "Android" уредите. Сепак, корисниците ќе можат да продолжат да ги користат на "Fire TV" и "Fire Tablet" уредите.

Покрај тоа, "Amazon" ги укинува и своите виртуелни пари – "Amazon Coins", кој досега се користеше за купување апликации и содржини во рамките на "Appstore". Од денес, корисниците веќе нема да можат да купуваат "Coins", а програмата целосно ќе престане да функционира на 20 август 2025 година, истиот ден кога и "Appstore" ќе биде затворен.


"Amazon Appstore" беше обид на компанијата да стане дел од пазарот за дистрибуција на апликации за "Android" и да создаде алтернатива на "Google Play Store", пренесува "PC Press".

Во последниве години, третите страни во светот на апликациите станаа сè поважна тема, при што владателите на затворените екосистеми („walled gardens“) тврдат дека нивните правила се фер, додека конкурентите инсистираат дека се соочуваат со монополски практики.


Во САД, реакциите околу ова прашање се поделени, додека во ЕУ веќе се донесени појасни регулативи за зголемување на конкуренцијата во дигиталните продавници за апликации.

Повлекувањето на "Amazon Appstore" може да биде дел од поширока стратегија на компанијата, но и знак дека "Amazon" одлучил да се фокусира на своите уреди, наместо на целокупната "Android" платформа.