Неговиот процес се состоел од осум чекори, кои ги споделил во видео.
Јутјуберот "Sambucha" објави интересно видео во кое откри како постепено се „заменил“ со "AI" верзија на себе во текот на целиот месец, предизвикувајќи ги гледачите да проверат дали го забележале тоа.
Во неодамнешно видео, тој изјави дека „никој нема да забележи“ како чекор по чекор го воведувал вештачкиот интелект во својот канал. Неговите 9,2 милиони претплатници ги информираше:
„Ова всушност ќе биде тест за тоа колку далеку можеме да одиме пред публиката да сфати дека се заменувам со "AI".“
Чекор 1: Создавање идеи со помош на "AI"
"Sambucha" користел" ChatGPT" за да му предложи идеи за кратки "YouTube" видеа. Неговиот барање гласело:
„Можеш ли да смислиш идеја за едноминутно кратко "YouTube" видео, слично на каналот "Sambucha", кој објавува забавна, едукативна и повремено реакциска содржина?“
"OpenAI" му предложил идеја насловена како „најнаместената игра во светот“.
„Знаете што? Ова е всушност солидна идеја. Ќе снимам кратко видео за најнаместените игри на светот. Се прашувам дали луѓето ќе помислат дека ова е генерирано од "AI"?“
Резултат: Никој не забележал.
Чекор 2: Замена на "thumbnail" со "AI"-генерирана верзија
За следниот чекор, одбрал видео со малку прегледи и ја заменил неговата минијатура со слика генерирана од "A"I.
Резултат: Никој не забележал.
Чекор 3: Објавување "AI Instagram Story"
"Sambucha" користел "Snapchat AI"-филтер за да сними селфи и го објавил на "Instagram Story". Само 5% од луѓето се посомневале во автентичноста.
Резултат: Неколкумина забележале
Чекор 4: Користење "AI"-генериран глас во "YouTube Shorts"
Во видео со наслов „Колку брзо можеш да потрошиш 100 милијарди долари“, го заменил својот реален глас со "AI"-генериран глас.
Резултат: Никој не забележал
Чекор 5: Користење "AI"-аватар во видео
Во видео наречено „Производи што никогаш не ги зголемиле цените“, наместо самиот тој, користел "AI" аватар и "AI"-генериран глас за завршната реплика.
Резултат: Луѓето почнале да се сомневаат
Чекор 6: Измама на друг јутјубер
"Sambucha" се обидел да измами друг јутјубер со AI-генерирани пораки, но неговиот пријател веднаш сфатил.
Резултат: Пријателот веднаш забележал
Чекор 7: Поставување текст „ова е AI“ во видео
Во едно видео, пет-шест пати напишал „ова е AI“ за да види дали некој ќе обрне внимание.
Резултат: Никој не забележал
Чекор 8: Користење "AI" во долго видео
Во 42-минутно видео, тајно вметнал 10-секунден лошо генериран AI исечок околу 35-тата минута.
Резултат: Од 1.600 коментари, само двајца забележале
Заклучок
Во текот на целиот експеримент, "Sambucha" постепено се заменувал со вештачка интелигенција во различни аспекти од својата содржина. Иако некои корисници на крајот забележале разлики, во најголемиот дел од случаите, гледачите не сфатиле дека гледаат "AI"-генерирана содржина.
Овој експеримент отвора важно прашање – колку далеку можеме да одиме со вештачката интелигенција пред тоа да стане очигледно?