"Maserati MC20" постави рекорд на Флорида – автономниот суперавтомобил достигна 318,1 км/ч!
Тим инженери го модифицираше италијанскиот суперавтомобил така што може да вози целосно автономно, а резултатот е нов рекорд: 197,7 милји на час (318,1 км/ч) на Кенеди вселенскиот центар (KSC). Со ова беше соборен претходниот рекорд од 192,8 милји на час (310 км/ч).
Рекорд на легендарната патека
Оваа рекордна брзина беше постигната минатиот месец за време на "1000 Miglia Experience Florida". Патеката е долга 4,5 km, што обезбедува доволно простор за тестирање при екстремни брзини.
"Овие светски рекорди не се само демонстрација на идната технологија – ние ја тестираме вештачката интелигенција и роботиката до нивните крајни граници, изјави Пол Мичел, директор на "Indy Autonomous Challenge" (IAC).
"IAC" соработуваше со Политехничкиот универзитет во Милано на унапредување на вештачката интелигенција која му овозможува на "Maserati MC20" да вози целосно автономно.
"Maserati MC20" во елитното друштво на автономни рекордери
Претходниот рекорд го држеше тркачки автомобил на "IAC", додека уште еден "MC20" во ноември минатата година постави рекорд од 177 м/ч. (285 км/ч).
Ова не е првпат "Maserati" да ја демонстрира својата автономна технологија. Минатата година, "GranCabrio" без возач учествуваше во "1000 Miglia" трката во Италија, а "MC20" настапи и во 2023 година.
"Maserati" се соочува со пад на продажбата
И покрај технолошките иновации, "Maserati" се соочува со сериозен пад на продажбата.
Минатата година брендот продаде само 11.300 возила, што претставува намалување од речиси 60% во споредба со 2023 година.
"Maserati", како и остатокот од "Stellantis" групацијата, се соочува со големи предизвици на автомобилскиот пазар.