Откриен специфичен ген за кој се тврди дека е потенцијално одговорен за тоа што луѓето можат да зборуваат

Точка

23/02/2025

16:48

2.444

Големина на фонт

а а а

Научниците идентификуваа ген за кој велат дека може да се поврзе со древното потекло на говорот кој бил од клучно значење за опстанокот на човекот. Резултатите од ова истражување беа објавени во научното списание „Nature Communications“.

Имено, откриено е дека само луѓето имаат протеин кој можеби им помогнал да комуницираат на нов начин. Лиза Финестек од Универзитетот „Минесота“, која не била вклучена во истражувањето, рече дека ова е првиот чекор во започнувањето со проучување на специфични гени кои можат да влијаат на развојот на говорот и јазикот. Можеби и научниците ќе успеат да им помогнат на оние со говорни мани.


Еден од авторите на студијата, Роберт Дарнел, истакна дека генетската варијанта што тој и другите научници ја истражувале се состои од гени кои придонеле за развојот на хомо сапиенсот во доминантниот вид. Дарнел уште од 90-тите го проучува протеинот NOVA1, кој е клучен за развојот на мозокот.

Споменатото истражување, кое исто така беше спроведено во њујоршката лабораторија на Универзитетот „Рокфелер“, го користеше методот за уредување на гените CRISPR за да го замени NOVA1, пронајден кај глувците, со исклучиво човечкиот протеин NOVA1, сè со цел да се испитаат ефектите на генетската варијанта.


На изненадување на научниците, гореспоменатиот метод го смени начинот на кој животните создаваат звуци кога се довикуваат меѓу себе. Бебиња глувци со човечки протеин гласеле поинаку од другите бебиња глувци по доаѓањето на нивната мајка. Дополнително, возрасните машки глувци со човечки протеин гласеле поинаку од другите возрасни мажјаци кога набљудувале женско глувче.

Историја на говорот и генетиката

Ова не е прв пат да се открие ген кој е поврзан со говорот. Имено, во 2001 година, британските научници го открија првиот ген поврзан со нарушувања на говорот. Тоа е генот FOXP2, кој е наречен ген за човечки јазик.

Овој ген е поврзан со говорот на современите луѓе, но не е единствен само за нив - подоцнежните истражувања покажаа дека го имале и неандерталците. Од друга страна, како што истакна Дарнел, NOVA1 постои исклучиво кај современиот човек.

Сепак, овој ген не е единствената причина зошто луѓето можат да зборуваат. Способноста за зборување зависи и од анатомијата на човечкото грло и од областа на мозокот кои работат заедно за да овозможат разбирање на говорот и јазикот.

Дарнел се надева дека истражувањето ќе помогне не само подобро да се разбере човечкото потекло, туку и кај оние со оштетен говор. Оваа помош може да биде можна многу рано во животот, пишува „Euronews“.

Резултатите од ова истражувањето објавени во научното списание Nature Communications може да ги погледнете тука.