Ова е девојката со најсовршено тело на светот! Вештачката интелигенција го кажа своето мислење, а што мислите вие? Вака изгледа убавата Карол!

Точка

20/02/2025

18:16

3.748

Големина на фонт

а а а

Со само 25 години, бразилската фитнес инфлуенсерка Карол Розалин е прогласена за олицетворение на физичкото совршенство. Но, ова не е само прашање на изглед.

Оваа титула не ѝ ја додели обично жири, туку вештачката интелигенција, која анализираше многу повеќе од естетиката – земајќи ги предвид здравјето, силата и она што е најтешко да се дефинира – хармонијата.

Што всушност значи да бидеш прогласен за „совршен“ од страна на вештачката интелигенција? И каква порака испраќа тоа за иднината на убавината, фитнесот и технологијата?


Патот до совршенството

Карол Розалин, родена во Сао Паоло, го привлече светското внимание откако вештачката интелигенција ја опиша како „совршена“. Нејзината титула дополнително беше потврдена од австралискиот Плејбој, кој го прогласи нејзиниот изглед за врвен стандард во светот на фитнесот.

„Според вештачката интелигенција, фитнес инфлуенсерката @karolrosalin има тело со совршена дефиниција и го претставува идеалот во светот на фитнесот“, објави магазинот на Инстаграм, потврдувајќи го нејзиниот статус како ново мерило за естетска и физичка извонредност.

Сепак, Карол е многу повеќе од фитнес инфлуенсер. Со преку 1,3 милиони следбеници на Инстаграм, таа изгради силно онлајн присуство и се истакна како модел – докажувајќи дека нејзиното влијание се протега надвор од теретаната.


Патот до совршенството: дисциплина и рамнотежа

Карол Розалин ја должи својата завидна фигура на беспрекорната дисциплина – интензивен тренинг режим и внимателно испланирана диета. Сепак, зад совршено обликуваното тело се крие приказна за упорност и издржливост. Нејзиниот пат до „совршенството“ не бил секогаш јасен и дефиниран како што е денес.

„Само гледањето во огледалото и посматрањето на резултатите е победа“, рече таа во едно интервју. „Да се биде препознаена како „Совршена фитнес жена“ е неверојатно!“

Розалин признава дека кога за прв пат стапнала во теретана пред осум години, немала јасно дефиниран план – само решителност и желба за напредок. „На почетокот не знаев како да тренирам правилно. Поминав низ фази каде што бев послаба или помускулеста“, вели Карол. „Но сега ја најдов совршената рамнотежа за моето тело.“


Покрај својата фитнес кариера, Розалин е и креатор на содржини, а денот го организира внимателно за одржување на здрав начин на живот. Тренинзите за сила ѝ се на распоредот пет дена во неделата, а таа никогаш не прескокнува аеробни вежби. Нејзината исхрана е подеднакво дисциплинирана – заснована на овошје, зеленчук, овес и пилешко.

„Не правам ништо екстремно, сè што јадам е дел од план кој ми помага да останам здрава“, нагласува таа.


Нови стандарди за убавина и фитнес

Кога австралискиот Плејбој ѝ ја додели титулата „Совршена фитнес жена“, тоа не само што го истакна физичкиот изглед на Карол, туку и поголемата промена во стандардите за убавина и фитнес. Списанието ја истакна сè поголемата желба за витко, дефинирано тело кое е силно, но не премногу мускулесто – што укажува на тренд кон побалансиран и поодржлив пристап кон вежбањето.


Овој став го потврди неодамнешната анкета спроведена од Плејбој, која покажа дека 80% од мажите претпочитаат жени со помалку изразена мускулна маса. Резултатите покажаа дека силата и атлетизмот сè уште се привлечни, но дека повеќето луѓе повеќе ја ценат фигурата што изгледа природно и остварливо. Наместо екстремна естетика за бодибилдинг, хармоничен спој на дефиниција, здравје и женственост излегува на површина – токму она што Карол Розалин совршено го прикажува.