"YouTube" конечно ги намалува цените! Брзо пристигнува новата "Premium Lite" опција без реклами

Точка

21/02/2025

15:48

685

Големина на фонт

а а а

"YouTube" претходно тестираше нова опција за "Premium Lite" претплата без реклами во неколку земји. Оваа опција дозволуваше на корисниците да уживаат во гледањето на омилените содржини без прекини од рекламни блокови, и тоа по пониска цена. Сега, оваа нова опција се подготвува за официјално лансирање.

Според извештајот на "Bloomberg", "Google" планира официјално да го претстави "YouTube Premium Lite" пакетот, кој нема да ја вклучува услугата "YouTube Music", а можно е да ја нема и опцијата за "offline" преземање и репродукција во позадина. Новата опција прво ќе биде достапна во САД, Австралија, Германија и Тајланд, а лансирањето во САД е особено важно, бидејќи претходното тестирање не ја вклучуваше оваа земја.

Претставник на "YouTube" потврди дека компанијата веќе некое време тестира нова "Premium" услуга на различни пазари, каде што повеќето видеа немаат реклами, и дека се надеваат дека оваа услуга ќе се прошири на повеќе корисници во иднина.


Цената сè уште не е објавена

"YouTube" сè уште не ја открил цената за "Premium Lite" опцијата. Како референца, индивидуалната претплата за "YouTube Premium" во САД изнесува 13,99 долари месечно, така што "Premium Lite" сигурно ќе биде поевтин од оваа цена.

Меѓутоа, сè уште не е познато дали "YouTube" ќе ја прошири оваа претплата на глобално ниво.

Новата опција за претплата би можела да биде одлична алтернатива за сите корисници кои сакаат да избегнат реклами, но не планираат да користат некои од дополнителните услуги, како што се "YouTube Music" или „offline“ преземања.