[ФОТО] Прекрасно откритие во соседството – Во Албанија пронајдено најголемо, подземно, термално езеро во светот

Точка

19/02/2025

18:11

2.411

Големина на фонт

а а а

Овој месец тим од чешки научници предводени од спелеологот Марек Ауди споделија големо откритие со светот. Имено, продолжувајќи го нивното истражување започнато во 2021 година во јужна Албанија, користејќи најсовремена радарска технологија, тие докажаа дека го откриле најголемото подземно, термално езеро во светот.

Ова езеро го добило името Неурон, по Фондацијата Неурон, која го финансирала истражувањето. Се наоѓа на дното на 127 метри длабоката бездна Атмос, со должина 138 метри и широчина од 42 метри, а содржи приближно 8.335 кубни метри вода. Температурата на водата е 26 степени.


Езерото се наоѓа речиси на границата на Албанија и Грција, во долината Вромонери кај Лесковик, а до него истражувачите не стигнале случајно.

Езерото само „им се открило“ преку пареата што се издигала од подземјето. Инаку чешките истражувачи го откриле езерото пред четири години, но дури сега успеале да ги докажат неговите фасцинантни карактеристики, како и тоа дека е најголемо во светот.


Ова откритие го симна од тронот езерото во Унгарија, откриено во 2008 година под турските бањи во Будимпешта, па така истото сега го зазема второто место. Исто така, според Неурон, познатите термални езера како езерото Фрајинг Пен во Нов Зеланд и исландската Сина лагуна изгледаат како бари кои вријат.