Дали повеќе би сакале да гледате статии на Википедија отколку вертикални видеа?
Добро е познато дека луѓето имаат сè пократок период во кој можат да го задржат фокусот и вниманието. Зборуваме првенствено за помладите генерации кои пораснале со паметни телефони и апликации како Instagram, Snapchat и TikTok.
New feature:
— aizk ✡️ (@Aizkmusic) February 5, 2025
PWA (progressive web app) support for WikiTok.
It's like a hybrid between the web and using a full fledged app. pic.twitter.com/yP8X27ldFe
И иако повеќето информации ги добиваат преку социјалните мрежи, повремено треба да прочитаат нешто на интернет. Со развојот на алатките за вештачка интелигенција и виртуелните асистенти треба само да постават прашање и ќе добијат концизен одговор. Колку ќе биде точен тој одговор сега нема да разговараме.
Сепак, еден развивач користел алатка за вештачка интелигенција за да ги спои „модерната потрошувачка на информации“ и постоечките информации на Интернет. И така се роди ВикиТок.
Тоа е своевидна „тиктокизација на познатата интернет енциклопедија Википедија“. Развивачот Исак Гемал ја користеше алатката Claude AI на Anthropic и создаде веб-апликација што ја прикажува содржината на Википедија на начин како ТикТок. Наместо вертикално подредени видеа, на корисниците им се претставени случајни статии на Википедија на кои можат да кликнат и да ги читаат.
Како што самиот најави на платформата X, му беа потребни само 90 минути и алатките за вештачка интелигенција Клод и Курсор за да ја создаде оваа веб-апликација. Иако тој дополнително го рафинирал кодот од неговото објавување, тој во суштина е ист како кога првпат го објавил. Во меѓувреме, тој го објави изворниот код на GitHub, што значи дека е достапен за сите и секој може дополнително да го усоврши.
Тој истакна дека веб-апликацијата е создадена како еден вид борба против алгоритми кои ги поттикнуваат корисниците да скролуваат бескрајно. На овој начин, дури и да скролат, можат да научат нешто.
WikiTok моментално поддржува 14 јазици.