[ФОТО] Најдобриот спортски караван штотуку стана уште подобар: Ова е новиот "M3 CS Touring"

Точка

30/01/2025

20:36

1.283

Големина на фонт

а а а

Ако барате спортски вагон, вашето пребарување обично ќе заврши во прозорецот на германски премиум застапништва за автомобили. А понудата таму е сè подобра и подобра.

Особено ако барате компактен караван. Најновата генерација на "Серија 3" доби и караван издание, а сега "BMW" оди чекор понатаму и ја претставува верзијата "CS". Како и седанот, така и оваа верзија добива неколку подобрувања кои ветуваат дека и онака добриот караван ќе го подигнат на ново ниво.


За почеток, "BMW" го зголеми притисокот на турбополначот на 3,0-литарскиот шестцилиндричен мотор на 2,1 бари, зголемувајќи ја вкупната моќност на 550 коњски сили и 650 Nm. Во превод, плусот е 20 коњски сили во споредба со стандардниот "M3 Competition". Максималниот вртежен момент е достапен во широк опсег од 2.750 до 5.950 вртежи во минута, а вртежите на моторот се до 7.200 вртежи во минута.


Ако на сето ова ја додадеме изменетата шасија и зголемената ригидност на каросеријата, секако, заедно со засилените сопирачки, јасно е дека овој "М3" нуди уште подобро чувство на возење со пропорционално подобри перформанси. Документите вели дека забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,5 секунди, а до 200 км/ч за само 11,7 секунди и да, со "M Driver’s Package" максималната брзина се зголемува на 300 км/ч.


Да речеме, исто така, дека "BMW" обезбеди податоци за омилениот на Американците метод за "летечки старт "со „one-foot rollout“, кога на "M3 CS Touring" му требаат само 3,2 секунди за да достигне 100 км/ч.


Иако се работи за караван чијшто багажник стандардно собира 500 литри товар, Баварците се обидоа да ја намалат тежината на автомобилот на минимум. Во овој случај, минусот е 15 кг, а тоа е резултат на поставување полесни карбонски компоненти.


Автомобилот ќе го препознаете и по новата решетка, а сопственикот по паричникот, кој е малку потенок од вообичаеното. Имено, "CS" едицијата во Германија започнува од околу 152.900 евра, што е плус од дури 50.000 евра во однос на „обичниот“ "M3 Touring".