Јокиќ е трипл-дабл машина, Клиперс го доби дербито на Лос Анџелес

Дерби

20/01/2025

11:25

306

Големина на фонт

а а а

Екипата на Денвер Нагетс е во одличен ритам, па рано утрово дојде до шестата сезонска победа во низа на гостински терен и тоа на Флорида против Орландо Меџик.

Клубот од Колорадо славеше со 113:100 во средбата во која старната петорка беше двоцифрена, но ако некој мора да се издвои тогаш тој е Никола Јокиќ. Јокиќ уште еднаш потврди дека е трипл-дабл машина, дојде до 148. ваков учинок во кариерата, вкупно 18 во тековнава сезона.

Србинот имаше 20 поени со 14 скока и 10 асистенции и тоа по само три четвртини. Неверојатен е податокот кој вели дека во оваа сезона има 12 трипл-дабл учиноци пред последниот период, повеќе од било која екипа.

Во дербито на Лос Анџелес, Клиперс беа подобри од Лејкерс со 116:102. „Езерџиите“ имаа само едно водство на мечот и тоа она на стартот за 2-0 по што четата на Лу беше таа што диктираше, беше подобра, па првата четвртина ја доби со 32:26, на полувреме водеше со 64:49 за да во преостанатиот дел го одбрани стекнатото водство.

Пауел со 22 поени беше прв стрелец, меѓутоа 21 и дабл-дабл ефектини имаа Харден и Зубац. Кај поразените Џејмс реализираше 25 поени со 11 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

Мајами-Сан Антонио 128:107

Орландо – Денвер 100:113

Милвоки – Филаделфија 123:109

Оклахома – Бруклин 127:101

Клиперси – Лејкерси 116:102

Портланд – Чикаго 113:102

Сакраменто – Вашингтон 123:100