Македонија ја победи Гвинеја со 29:20 и се пласира во главната фаза на 29. Светско првенство во ракомет. Македонија во втората фаза носи еден бод, а во новоформираната група ќе игра против Австрија, Катар и Франција.
Сепак, вчерашниот натпревар во Вараждин го одбележа хаос на трибините. Веројатно поттикнати од случувањата по дуелот со Холандија и фрлањето на предмети на теренот, организаторите сериозно го сменија пристапот.
Македонските навивачи детално биле претресувани на влезот во салата, одземани им биле знамињата со Сонцето од Кутлеш.
Една од групите чии фанови беа уапсени за поседување знамето, на Инстаграм е со името Боем реши да ја објасни ситуацијата:
„Пирова победа против Гвинеја – еве ја вистината за апсењата на трибините
Последен ден од нашето патување во Вараждин. Играа Македонија – Гвинеја, лесен натпревар со однапред познат исход и очекувана лесна победа.
Хрватските полицајци и обезбедување од лесен натпревар направија вистински хорор. Заради носење знаме од Кутлеш НЀ АПСЕА и нѐ тераа да платиме глоба од 173 евра додавајќи образложение дека сме требало да платиме и по 600 евра ама дека ќе ни излезат во пресрет. Нѐ малтретираа, нѐ тераа да се потчиниме. Чудно е како на овој натпревар знамето од Кутлеш не само што не смееше на ограда, туку не смееше ниту во раце да се држи.
Пирова победа против Гвинеја - еве ја вистината за апсењата на трибините
Последен ден од нашето патување во Вараждин....
Posted by Боемот 2.0 on Sunday, January 19, 2025
Тензијата се осеќаше во воздухот. Полицијата вечерва по секоја цена сакаше да апси. Имаше човек што е уапсен заради гестикулација кон холандски навивач случајно наоѓајќи се во арената. Друг беше уапсен заради тоа што внатре во арената МУ ДАЛЕ ДРЕГЕР да дува дали е пијан. Ниту вози, ниту ништо, туку гледа ракомет, а внатре се точи пиво. За иронијата да биде уште поголема и ако му пишувало и 0,0 промили алкохол пак приведувале.
Десетина души во кое спаѓа моето друштво како што се гледа и на видеата беа апсени заради носење на симболот од Кутлеш. Апсени затоа што си го сакаат своето, си ја сакаат Македонија. Затоа што знаеме дека резервна татковина немаме и наше е да ја бодриме каде и да игра, па да бидеме осми играч на секој меч.
Хрватите покажаа невидена ароганција. Уринираа на сѐ добро од минатите години и заедно со нивните браќа од ИХФ го понижија Македонецот.
Како и да е. Вечерва бевме понижени, финансиски казнети, малтретирани. И не ни е криво – ЌЕ СТРАДАМЕ, НО НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ!“
Ваквата промена во однесувањето на обезбедувањето и полицијата во Хрватска доаѓа на ден по соопштението од ИХФ во која тие ги криткуваа Хрватите дека не си ја вршеле работата кога се во прашање македонските навивачи.
Покрај сведоштвата на македонските навивачи, на социјалните мрежи се огласи и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски кој исто така ја истакна тортурата која ја прави обезбедувањето кон Македонците.