Ѓоковиќ: Добро го познавам Алкарас, нема да има изненадувања

Дерби

20/01/2025

13:54

439

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ-Карлос Алкарас е највозбудливата двојка во четвртфиналето на Австралија Опен, меч закажан за утре за 10:30 часот во Мелбурн.

Ова е дуел на двајца играчи кои се меѓу најдобрите на светот, сакаат титули, па се очекува да има многу борба за место во полуфиналето. Ѓоковиќ за нијанса е подобар во меѓусебните дуели и води со 4:3 меѓутоа тоа ништо не значи затоа што секој меч си е посебна приказна.

- Подготовката за мечот со него ќе биде слична бидејќи многу добро знам што ме очекува. Секако заедно со Енди ќе ја одработам домашната задача најдобро што можам, да ја анализираме неговата игра, особено на овогодинешниот Австралија Опен. Има разлика во тоа како игра на бетон во однос на другите подлоги и ќе се обидеме да ја забележиме и да му најдеме адекватни тактички решенија.

- Приоритет за мене и за мојот тим е да бидеме на мојот врв, бидејќи кога добро се движам и добро ја удирам топката – не е важно кој е од другата страна на мрежата. Алкарас заедно со Зверев и Синер – најдобри играчи на светот, лани освои два грен слема и ме победи еднаш во финалето. До сега добро го запознав; Игравме доволно пати во последните три години – и јас го гледав доволно често – за да сметам дека добро ја знам неговата игра. Нема да има многу изненадувања, - порача Србинот.