Манчестер Сити влече потези во овој зимски преоден рок, а покрај најавите за трансфери кои допрва треба да се потврдат може да има и заминување на дел од играчкиот кадар.
Еден од нив е капитенот Кајл Вокер кој му соопштил на клубот и менаџерот Пеп Гвардиола дека сака промена, нов предизвик во кариерата.
Англискиот репрезентативец најмногу се поврзува со преселба во редовите на калчолигашот Милан, па дури и Златан Ибрахимовиќ порача дека се работи на зделката.
Гвардиола беше запрашан за зборовите на Ибра и дали Вокер е блиску до преселба во Милано, прашање на што Шпанецот кој не е во добри односни со Златан, кратко одговори:
- Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал, Ибрахимовиќ тоа го кажал, - порача Пеп.
Pep Guardiola still wants nothing to do with Zlatan Ibrahimovic 😂
— Hayters TV (@HaytersTV) January 19, 2025
🔗 https://t.co/EPayf6JLop pic.twitter.com/13mpLcaJEb