Манчестер Сити забележа три победи на четирите средби кои во новата година ги одигра во Премиер лигата, резултати кои му овозможија да дојде до четвртото место на табелата.
По лошите два завршни месеци од 2024 година, „граѓаните“ полека се враќаат, победуваат, ефикасни се и дефинитивно ќе имаат што да кажат, покажат во преостанатиот дел од кампањата.
Марк Шварцер најголемиот дел од кариерата ја мина на островот и токму легендарниот Австралиец смета дека четата на Гвардиола на крајот може да заврши и на втората позиција.
- Сити дефинитивно може да заврши меѓу првите две екипи во Премиер лигата. Едноставно, мислам дека Ливерпул нема да загуби доволно натпревари за Сити да има шанса за титулата, но за да заврши меѓу првите два, мислам дека тимот на Пеп Гвардиола е повеќе од способен за тоа.
- Имаат сила, имаат способност, знаење и мислам дека дефинитивно можат да завршат во Топ 2, пред Арсенал, Нотингем Форест… Тие се врвен тим, нема сомнеж во тоа и се обидуваат да се вратат во таа форма. Ова беше добар чекор во таа насока, - рече Шварцер.
Актуелниот првак има шест бода помалку од Арсенал и Нотингем Форест, а дванаесет помалку од лидерот Ливерпул.
- Манчестер Сити и Ливерпул допрва ќе играат, па тоа би можело да им оди во корист на граѓаните. Тие би морале да го добијат тоа. Но, сепак ќе им треба Ливерпул да загуби многу натпревари до крајот на сезоната, што тешко го гледам, - заврши Марк.