[ФОТО/ВИДЕО] Сензационален настап на Џенифер Лопез на модната ревија во Саудиска Арабија

Точка

15/11/2024

12:31

962

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез одржа спектакуларен настап на модната ревија „1001 Seasons of Elie Saab“, која се одржа во Ријад.

Среде разводот од Бен Афлек и откажувањето на турнејата „This Is Me“, Џеј Ло на настанот во Саудиска Арабија се појави во сребрено боди со длабоко деколте и отпеа некои од своите најголеми хитови.


На овој начин Џеј Ло му одаде почит на модниот креатор, Ели Сааб кој со оваа ревија одбележа 45 години од неговата работа во светот на модата.



На сцената во Ријад, публиката имаше можност да ја види засилената Џеј Ло, која на сцената се појави пеејќи ги стиховите од песната „I Will Survive“ на легендарната Глорија Гајнор, а потоа ги отпеа песните „Waiting For Tonight“, „On the Floor“ и „Let’s Get Loud“, додека беше окружена со танчарите и манекенките.

Инаку ревијата ја одбележаа дури 300 манекенки и бројни познати личности, помеѓу кои беа Селин Дион, Хали Бери, Камила Кабело, Ненси Аџрам, Моника Белучи и други.

Од друга страна особено внимание привлече Селин Дион, која настапи и покрај здравствените проблеми, и ја отпеа песната „The Power of Love“ и „I’m Alive“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг